Светиот апостол и евангелист Лука

469px-St_luke_displaying_a_painting_of_the_virgin_guercinoСВЕТИ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ ЛУКА

Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, свети Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24).

По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на свети апостол Павле, со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожците. „Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на Колосјаните свети апостол Павле (Кол. 4: 14). На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. По мачениката смрт на свети апостол Павле, Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија и на други места. Ја иконописаше Пресвета Богородица – и тоа не една туку три икони, а исто така и светите апостоли Петар и Павле. Оттука Свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис.

На старост го посети и Горен Мисир. Од Мисир се врати во Грција, каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост. Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја. Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслина во градот Тива (Теба) Беотиска. Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот Констанциј, беа пренесени во Цариград.

Празниот гроб и од Савле – Павле!

Hristov grobПРАЗНИОТ ГРОБ И ОД САВЛЕ – ПАВЛЕ!

„Кога за Христа се проповеда дека воскреснал од мртвите, како тогаш некои помеѓу вас велат дека немало воскресение на мртвите? А штом нема воскресение на мртвите, тогаш и Христос не воскреснал; ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера“ (1. Кор. 15: 12-14)

Овие зборови најпрво ги забележал човекот кој првобитно не верувал во Христа и во Неговото воскресение. Всушност, тој најпрво ги прогонуваше христијаните и тоа со толку голема жестокост, така што организирал цели хајки против Христовите следбеници. Тој не сакал ни да чуе за Христос, за подоцна, по еден судбоносен настан, да извика дека сè друго го смета за трици и дека најважно од сè за него е воскреснатиот Христос Господ.

Кој е овој човек и како дошло кај него до еден ваков пресврт? И која е таа сила што го натерала толку многу да се промени?

Овој човек се викал Савле. Бил евреин и грижливо бил воспитуван во прописите на својата вера, бил ревносен во извршувањето на своите верски должности, но пред сè, бил човек со широк поглед благодарение на контактите со околните мудреци и со философските мисли на грчко-римскиот свет. Од Тарс во Киликија дошол околу 34 година. До тоа време расправиите за Христос и Неговото воскресение зеле силен замав. зашто тоа движење од првобитниот круг од дваесетина лица се развило во голема заедница, на која требало да ѝ служат дури седум ѓакони.

Единствен, пак, можен начин за таков раст на бројот на Христовите следбеници била проповедта, односно, јавното и приватно сведочење, докажување и поучување. Но, додека еврејските старешини не се препирале со христијаните, сметајќи ги за безначајно малцинство со секташки погледи и девијации, Евреите како поединци имале сосема поинаков став. Практично, секој преобратен во христијанството во прите пет години имал еврејско потекло. Можеме ли да замислиме едно движење со просечен пораст од 20 нови членови неделно, а да е без оригинални и огнени идеи кои се ширеле со јавна и приватна аргументација? Continue reading

Духовност и послушание (03)

9649ДУХОВНОСТ И ПОСЛУШАНИЕ (03)

Некој ќе приговори: верата на послушаникот може да ги замени недостатоците на старецот. Не е вистина! Верата во вистината спасува, а верата во лагата и во демонската измама убива, според учењето на апостолот: „Затоа што не ја примиле љубовта на вистината за своето спасение – станува збор за оние кои самоволно пропаѓаат – И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата, та да бидат осудени сите, кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата“ (2. Сол. 2: 10-12). „Нека ви биде според верата ваша“ (Матеј 9: 29) – им рекол Господ на двајцата слепи и ги исцелил од слепилото; лагата и лицемерието немаат право да ги повторуваат зборовите на Само вистината заради оправдување на своето злобно однесување, со кое ги погубуваат ближните.

Имало случаи – многу, многу ретки – кога верата, според посебна Божја промисла, дејствувала и преку грешници, извршувајќи нивно спасение. Во Египет, водачот на разбојниците Флавијан, сакајќи да ограби еден женски манастир, облекол монашка облека и дошол во манастирот. Монахињите го примиле како еден од светите отци, го вовеле во црквата и го замолиле да Му вознесе молитва на Бог за нив, што Флавијан го исполнил против своја волја и на сопствено изненадување. Потоа му била поставена трпеза. По јадењето монахињите му ги измиле нозете. Една од сестрите во манастирот била слепа и глува. Монахињите ја довеле и ја напоиле со водата во која му биле измиени нозете на патникот. Болната веднаш се исцелила. Објавувајќи го чудото што се случило, монахињите Го прославиле Бог и светиот живот на тој монах. Божјата благодат слегла на старешината на разбојниците: принел покајание и од разбојник се претворил во значаен отец. Continue reading

Кратка повест за страдањето на светите славни Четириесет битолски преподобномаченици

КРАТКА ПОВЕСТ ЗА СТРАДАЊЕТО НА СВЕТИТЕ СЛАВНИ ЧЕТИРИЕСЕТ БИТОЛСКИ ПРЕПОДОБНОМАЧЕНИЦИ

ikonata1-429x640Во времето кога Османлиите тргнале да го завладеат Балканскиот полуостров, градот Битола (нарекуван уште и Манастир поради бројноста на црквите, манастирите и скитовите) бил голем и добро утврден град. Животот во него прилегал на Црква Божја, а најголема скапоценост, пак, било бројното монаштво, сместено низ многуте манастири и скитови, внатре и надвор во неговата околина.

Но општото зло што ги снашло христијaнските земји на Балканот во втората половина на XIV век, не го одминало ни овој, не малку значаен град. Имено, откако османлиските војски без борби го освоиле градот Прилеп, тие ја опколиле и ставиле под опсада Битола. Населението давало огромен отпор, не поради надмоќноста во бројност, или во оружје, туку поради храброста и пожртвуваниот дух, посветен целосно на верата и слободата. Но по четиримесечната опсада и тешките, жестоки битки што бојното поле го претвориле во алеја на пустош и беда, градот, по допуштение Божјо, конечно паднал во рацете на Османлиите. Според нивниот закон , жителите на освоениот христијански град што ќе одбиел да се предаде, ја губеле личната слобода, а војниците на освојувачот имале право три дена неограничено да убиваат и ограбуваат. Па така, откако Агарјаните влегле низ градските ѕидини, следеле страшни настани: Continue reading

Осумнаесетта Недела по Педесетница

2ОСУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме“

 (Лука 5: 5)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Секој од нас сака да успее во овој живот, секој посакува зад себе да има успешна кариера, добро семејство, убаво воспитани деца, сигурна работа, добра ситуираност… Сите ние се трудиме добро да го осмислиме својот живот и да достигнеме успеси во животните активности, благодарение на сопствениот ум и разум, на сопствените сили и способности, без помош од Господа Бога и неговиот благослов. Но, токму исклучувањето на Бог и Неговиот благослов од нашите животни активности е причина за нашиот целосен неуспех, а како резултат на тоа, н# стигнуваат секакви несреќи и страдања. Ние сакаме успех, но го немаме, едноставно, затоа што не го бараме, или, пак, го бараме на погрешно место, а не на вистинското. Во контекст на ова, светиот апостол Јаков говори: „Пожелувате и немате… а немате, бидејќи не молите. Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти“ (Јак. 4: 2-3).

Ист ваков успех во својата дејност сакале да постигнат и светите апостоли, кои еднаш, според својот обичај, ги фрлале рибарските мрежи во Генисаретското Езеро, но цела ноќ ништо не уловиле. Кога Господ Исус Христос го видел тоа, им рекол повторно да ги фрлат мрежите. Апостолите го послушале, ги фрлиле своите мрежи, па уловиле голема количина риба, та дури и мрежите им се скинале. (спореди: Лука 5: 5-6). Иако тие цела ноќ се труделе нивниот риболов да биде успешен, иако времето било благопријатно, иако езерската вода била мирна и погодна за богат лов, сепак, нивните мрежи останале празни. Очајни од ваквиот резултат, тие веднаш се пожалиле пред Спасителот: Continue reading

Преподобна Параскева – Петка

sveta-petkaПРЕПОДОБНА ПАРАСКЕВА – ПЕТКА

„Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се строши“

(Псал. 33: 20)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Зарем Семожниот Господ Бог, Кој сè гледа и сè знае, може нешто да загуби или заборави? Зарем Господ Бог може да ги заборави Своите праведници, кои го прославиле Неговото свето име? Не, зашто Господ Бог секогаш бдее над нив! Во денот на сеопштото воскресение, Он ќе го собере целиот нивни телесен состав и славно ќе ги воскресне. Гонителите ги фрлале телата на праведниците во морињата, или, пак, ги закопувале во длабоки јами, или ги оставале во полињата птиците да ги изедат. Но, Господ Бог, со Својата Промисла така ги насочувал настаните, па сепак, светите мошти доаѓале во рацете на верниците, кои чесно ги полагале во скапоцени ковчези, ѕидале храмови над нив, откаде, пак, излегувала чудотворна сила.

Такви прекрасни мошти, кои се доказ за пројавата на Божјата слава врз своите праведници, сочувани се до ден денешен во градот Јаш, во Романија, и претставуваат извор на лек за безброј болни и за секакви болести. Тоа се моштите на денешната славеничка, преподобната мајка Параскева – Петка. Според Преданието на Црквата, Параскева е родена во градот Епиват, во близина на Цариград. Нејзините родители биле богати и побожни христијани и освен Параскева, имале и еден син, Евтимиј, кој по своето замонашување постанал и прочуен епископ Мадитски. По смртта на родителите, Параскева, жедна за подвижнички живот заради Христа, го напуштила родителскиот дом и најпрво заминала во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизувала до својата старост. Кој може да ги искаже сите напори, страдања и демонски искушенија, кои ги претрпела Параскева, во текот на многуте години? Во староста ѝ се јавил Божји ангел кој ѝ рекол: Continue reading

За светата Тајна Исповед

kieЗА СВЕТАТА ТАЈНА ИСПОВЕД

Сите денови од црковната година можат да се поделат на денови на жалости и денови на радости. Деновите на жалост се посните денови, кои се одредени за борба против злото, заради спасението на нашите души. Кон таа цел Црквата тежнее со своето спасително учење и останатите многубројни терапевтски средства, со кои располага. Ќе се запрашаме: каква е таа одвратна сила на злото, против која е вперен еден толку совршен систем на црковни мерки и активности? Тоа е гревот и неговиот изумител – сатаната, кој уште од паѓањето на нашите прародители во грев, немилосрдно талка по оваа наша планета, служејќи се со најперфидни средства, така што ние и не го ни забележуваме неговото присуство во нас и меѓу нас. Па зарем тоа е можно? Можно е, зашто гревот не постои како нешто позитивно, зашто словото Божјо ни говори: „Гревот е беззаконие“ (1. Јов. 3: 4), односно, газење на Божјиот закон, на Божјата волја, која посредно ни е соопштена преку пророците и непосредно преку Богочовекот Исус Христос. Затоа гревот, во однос на Бога, не е обично прекршување на законот и не се однесува само на човекот и светот, туку се однесува и на Бога и директно е насочен против Бога. Грешејќи, човекот, свесно или несвесно, својата волја ја става над Божјата волја, негирајќи ги семоќта и сезнаењето, па дури и самото Божјо постоење. Ние со секој грев, според зборовите на апостол Павле, во себе Го распнуваме Синот Божји (спореди: Евр. 6: 6). Гревот, според учењето на Црквата, не е само човечко дело, туку и ѓаволско: „Кој прави грев, од ѓаволот е“ (1. Јов. 3: 8). И ние грешејќи, го слушаме ѓаволот и по негова иницијатива ја откажуваме својата послушност кон Бога. И тоа не се случува често со поединци, а ретко со останатите, туку напротив, се случува со сите нас и тоа премногу често. Зашто, „ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас“ (1. Јов. 1: 8). Таа гревовна состојба, во која ние се наоѓаме, свети апостол Павле ја насликува со зборовите: Continue reading

Духовништво и послушание (02)

9644ДУХОВНИШТВО И ПОСЛУШАНИЕ (02)

Вашето срце нека Му припаѓа на Единствениот Господ, а во Господа и на ближниот. Да му се припаѓа на човекот без тој услов е страшно. „Не станувајте робови на луѓето“ – рекол апостолот.

Мене секогаш во длабочината на срцето ме вознемируваат зборовите на свети Јован Претеча, кои ги изрекол по повод својот однос кон Господа, а кои ни се сочувани во Евангелието според Јован: „Оној што има невеста, младоженец е; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа, пак, моја радост се исполни. Он треба да расте, а јас да се смалувам!“ (Јован 3: 29-30)

Секој духовен наставник треба да биде само слуга на Небесниот Женик, треба душите да ги приведува кон Него, а не кон себе, треба да им објавува за бесконечната и неискажлива Христова убавина, за Неговата безмерна добрина и сила. Нека Го засакаат Христа, Кој навистина заслужува љубов. А наставникот (раководителот) како големиот и смирен Крстител, стои на страна, сметајќи се себеси за ништожен и радувајќи се на своето намалување, кое служи како обележје на духовно напредување. Сè додека во учениците преовладува телесното чувство – нивниот наставник е голем пред нив; но кога во нив ќе се појави духовното чувство и кога Христос ќе се возвеличи во нив – тие во својот наставник почнуваат да гледаат само благотворно Божјо орудие.

Чувајте се од пристрасност кон наставникот. Многумина не се чувале, па заедно со своите наставници паднале во мрежите на ѓаволот. Советот и послушанието се чисти и угодни на Бог само додека не се извалкани со пристрасност. Пристрасноста го прави саканиот човек идол, а Бог со гнев се одвраќа од жртвите кои му се принесуваат на тој идол. Така залудно се губи животот, добрите дела пропаѓаат како мирисен чад кој го развејува силниот ветар или го заглушува смрдеа. Не давајте во вашите срца место на никаков идол.

И ти наставнику, чувај се од грешен потфат! Немој да го заменуваш Бог на душата која ти приоаѓа. Следи го примерот на светиот Претеча: Continue reading

Библијата – обична книга или навистина Свето Писмо?

img593БИБЛИЈАТА – ОБИЧНА КНИГА ИЛИ НАВИСТИНА СВЕТО ПИСМО?

Постојат различни тези и сфаќања за тоа дали е тоа само збирка на книги од повеќе автори и многу внимателно и мудро собрани од „Некој“ или е Слово Господово, но како и да е се знае дека е најчитаната книга во светот.

Светото Писмо, наречено уште и Библија се состои од вкупно 77 книги од кои 50 припаѓаат на Стариот, а 27 на Новиот Завет. Покрај тоа што таа е богослужбена книга, таа претставува и историски документ кој сведочи за луѓето и народите од почетокот на историјата. Самиот назив на Библијата (грч. „Книга“) низ историјата бил различен: Зборник, Канон, Книга на Заветот, Вивлија… и сите означувале нешто утврдено, универзално и спасително. Самата историја на Библијата, а воопшто и првата писменост на Евреите, како запис започнува од Мојсеј, старозаветниот Божји угодник. Не значи дека претходно луѓето биле неписмени, но една од карактеристиките на еврејскиот народ била таа дека религијата била вметната во сите сегменти на нивниот живот.

Светото Писмо се дели на Стар Завет (историјата пред Господ Исус Христос) и Нов Завет (историјата на Црквата за време и после Господ Исус Христос). Всушност и сите пророци претходно, пророкувале за доаѓањето на Господ Исус Христос и спасувањето на човечкиот род, па затоа Стариот Завет се смета како праслика и потврдено сведоштво на Новиот Завет. Во целото Свето Писмо се зборува за љубовта Божја кон човечкиот род и за Неговата икономија како да го спаси. Со постапното создавање на светот и на сè што е во него, Бог создал прекрасни услови на убавина, мир и љубов за човекот да може да живее и да се насладува од Божјите плодови на љубовта, и на крај го создал и него – Адам по лика и прилика (образ и подобие) Божја. Но сепак, Continue reading

Свети Коломан, националниот покровител на Австрија

33-02-03/14СПОМЕН НА СВЕТИОТ КОЛОМАН, НАЦИОНАЛНИОТ ПОКРОВИТЕЛ НА АВСТРИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 13 ОКТОМВРИ

(?-1012; латински: Coloman; германски: Koloman-Heiliger)

Житијните податоци за свети Коломан[1] се премногу сиромашни, иако неговото житие било напишано 30 години по неговата смрт. Се претпоставува дека тој потекнува од шкотски кнежевски род, а бил убиен на 17 јули 1012 година, кога тргнал за Ерусалим, во близината на Штокерау (гратче во Долна Австрија). Во тоа време Австрија била поле за војна меѓу императорот Хенрих Светиот и полскиот кнез Болеслав Храбриот. Коломан, кој не го познавал германскиот јазик, паднал во рацете на една од завојуваните страни, бил обвинет за шпион и по тешките измачувања бил обесен на бозел, меѓу двајца разбојници. Според тогашните обичаи, телата на обвинетите разбојници не смеело да се погребуваат, па и по неколку месеци неговото тело останало нераспаднато. Чудата, кои биле поврзани со неговото тело, на крајот биле забележани од Црквата, па тој бил погребан со црковни почести во базиликата во Штокерау.

Во 1014 година, Хенрих I пројавил интерес за животот на свети Коломан, па тајно го отворил неговиот гроб. И повторно се случило чудо, зашто неговите мошти и понатаму биле нераспаднати. На 13 октомври 1014 година, Хенрих I повторно ги презакопал моштите во Мелк. Марк-грофот Фридрих II, откако добил инструкции од епископската катедра, организирал да се состави книга за страдањата на свети Коломан и уште повеќе го засилил неговиот култ во Австрија. Во 1244 година тој бил званично канонизиран за светител, а една црква посветена во негова чест, која потекнува од XIII век, и денес се наоѓа во местото Лаб-им-Валде.

По смртта на Фридрих II, унгарскиот крал ги зел светите мошти кај себе, но по извесен период повторно ги вратил во Мелк. Но, кога пристигнале во Мелк, сите забележале дека черепот го нема. Подоцна било утврдено дека, на чудесен начин, черепот без долниот дел од устата се наоѓа во градот Секешфехерваре, а долниот дел од устата исчезнал без трага. Сепак, во 1752 година и долниот дел од устата бил пронајден.

Во 1362 година, Рудолф IV, херцогот на Австрија, над гробницата во Мелк изградил велелепна надградба, а во виенската црква на Свети Стефан била поставена уште една реликвија – таканаречениот Коломанов камен (Kolomanistein), врз кој со бронзени букви е испишана пофалба за светителот. Најверојатно, Рудолф IV планирал да ги пренесе светите мошти во Виена, но до тоа не дошло. Последен пат светите мошти биле отворени при реконструкцијата на замокот во Мелк.

Свети Коломан е единствен признат заштитник на Австрија од 1244 година. Оваа одлука била променета во 1663 година, кога првенството му било предадено на Леополд (римокатолички светител починат во 1136 година). Свети Коломан и денес е заштитник на гратчето Штокерау, на Мелк и манастирот во Мелк. Во иконографијата се насликува како поклоник со врвки во рацете. Православната Црква неговиот спомен го слави на 13 октомври според Јулијанскиот календар.


[1] Коломан (латински: Columna) = столб, потпора.