Свети Григориј Ерменски

GRIGORIJ ERMENSKIЖИТИЕ НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ГРИГОРИЈ, ПРВИОТ ЕПИСКОП И ПРОСВЕТИТЕЛ НА ЕРМЕНИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 30 СЕПТЕМВРИ 

Житието на свети Григориј Просветител (ерменски: Գրիգոր Լուսավորիչ , Грикор Лусаворич), (ок. 252-326), напишано е од Агатангел (Агатангелосом), писател од IV век, легендарниот автор на историјата за обраќањето на Ерменија во христијанството. Освен житието, книгата содржи и зборник од 23 проповеди, кои му се припишани на свети Григориј Просветител, па затоа ова дело уште се нарекува и „Книга на Григорис“ или „Учењето на Просветителот“(ерменски: „Вардапетутюн“).

Во книгата се раскажува дека таткото на Григориј, Апак (Анак), откако бил потплатен од персискиот цар, го убил ерменскиот цар Хозрој, но за ова дело и самиот платил со сопствениот живот, а сето негово семејство било истребено, освен најмладиот син, кој бил пренесен во Кесарија Кападокиска, благодарение на неговата воспитувачка, која била христијанка. Таму малечкиот Григориј бил крстен и стекнал христијанско воспитување. Тука се оженил, но по неколку години одлучил да се оддели од својата избраничка. Таа заминала да живее во манастир, а тој заминал во Рим и таму стапил во служба кај Тиридат (287-330), синот на Хозрој, сакајќи со ревносна служба да ја отплати кривицата на својот татко. Откако пристигнал во Ерменија во 287 година, во придружба на мноштво римски легиони, Тиридат го вратил татковиот престол во своја власт. Заради исповедање на христијанството, Тиридат наредил Григориј да биде фрлен во ров за таму да умри од глад. Тука Григориј поживеал 13 години, хранет од една благочестива жена. Меѓутоа, по кусо време, Тиридат душевно заболел, но бил исцелен од Григориј, по што во 301 година се крстил и го прогласил христијанството за државна религија во Ерменија. Во 302 година Григориј бил ракоположен во епископски чин од епископот Леонтиј Кападоскиски во Continue reading

Свети Василиј Велики: Богатството

ec3f3e08a465f06aefc146a059452fb4СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: БОГАТСТВОТО

Загледај се, човеку, во природата на богатството, што те восхитува кај златото? Што те привлекува кај среброто? Што се крие во бисерот? Не е ли сè камен? Тоа се цветовите на богатството – дел од тие блескави камења ти криеш во мрак, друг дел носиш врз себеси, перчејќи се со сјајот на тие скапоцености. Кажи ми: каква полза има од тоа, да вртиш во својата рака блескави камења? Кој љубител на накити може да додаде макар и еден ден на својот живот? Кого поштедила смртта заради неговото богатство? Кого одминала болеста поради неговите пари? Уште долго ли, златото ќе биде бесилка за души, јадица за смрт, мамка за грев? Уште долго ли, богатството ќе служи да се објавуваат војни, да се коваат оружја, да се изоструваат мечеви? Не заради него ли, роднините ги забораваат своите природни врски, а браќата се готови да прибегнат до братоубиство? Не заради него ли, се среќаваат во пустината убијци, по морињата разбојници, во градовите – улични крадци? Кој е таткото на лагата? Кој прави лажни потписи? Кој стои по судови? Кој лажно се колне? Не богатството ли? Не страста ли кон пари? Луѓе, што да се прави со вас? Кој ја обратил вашата сопственост во замка за грев?

Ништо не внесовме во светот? Еднаквата чест при стапувањето во светот е достатна да ја отстрани нееднаквоста на кичот во општествениот живот. Ништо не внесовме во светот: голи излеговме од мајчината утроба. Користољубецот, без ништо дошол на земјата: во тебе немало никакво злато, зашто тоа се копа од земјата; ниту сребро си имал, зашто тоа, не е заедно со тебе посеано; ниту облека си имал, зашто таа се произведува од искуството на ткајачите; ниту пак, чифлици си донел, зашто тие се плод на Continue reading

Свети Јован Златоуст: Крстот и крсната слика

97383СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: КРСТОТ И КРСНАТА СЛИКА

Крстот порано бил символ на пресуда и казна, а сега е благороден и виден знак; некогаш, крстот бил предмет на маки и срам, а сега е предмет на чест и слава! Дека крстот навистина е слава, послушај Го Христа. Кој вели: „И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе, уште светот пред да настане“ (Јован 17, 5), кога под слава Он го разбира и го нарекува крстот! Крстот е глава на нашето спасение, крстот е причина за безбројни блага: преку него ние, некогаш отпаднатите и безсловесните, сега сме примени во бројот на синовите; преку него ние веќе не сме во заблуда, туку сме ја познале вистината; преку него ние, кои некогаш сме се поклонувале на дрва и камења, сега сме Го познале Создателот на сè; преку него ние, некогаш робови на гревот, сега сме приведени во слободата на праведноста; преку него, на крај, земјата постана небо! Крстот ни е ослободител од заблуда; тој нè вовел во вистината; тој го примирил човекот со Бога; тој нè извадил од тињата на порокот; тој ја уништил измамата; тој го истребил бесовското служење; тој нè искачил на врвот на благочестието.

Преку крстот се стави крај на чадот, смрдеата и проливањето на крв од безловесни животни; преку крстот се воведоа духовните служби, молитви и песнопеења; преку крстот бесовите се прогонија и ѓаволот беше отстранет; преку крстот човечката природа почна да се срамнува на ангелскиот живот; преку него се всели и девството на земјата! Тој нè просветил нас, кои сме седеле во мрак; тој нè ослободил нас, кои сме биле во затвор; тој нè направил блиски нас, кои сме биле отстранети; тој нè направил нас граѓани на Continue reading

Свети Кирил Александриски: Вавилонската кула

james-tissot-building-the-tower-of-babel-c-1896-1902СВЕТИ КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ: ВАВИЛОНСКАТА КУЛА

Човечката природа не била лишена од ништо, за да биде добра и да благоденствува. Творецот на сè ја создал совршена и исполнета со сите богатства. Бидејќи во почетокот голема, таа за кратко време се понижила, како резултат од гревовната повреда, која ја лишила од сè, со што била надарена и прекрасно создадена за голема слава. Како се случило тоа? Преку промена на гнилежноста во Адама, зашто е речено: „Зашто си земја, и во земја ќе се вратиш“ (1. Мој. 3, 19). Потоа, човечката природа била лишена од дух – кога видел Бог, дека луѓето кои живеат на земјата мислат само за нечестивите и гнасни похоти на телото, рекол: „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело“ (1. Мој. 6, 3). Освен тоа, таа испитала и нешто друго: некои осудени за нечестиви намери и за неразумни совети, започнале да говорат на друг и неразбирлив јазик. Напишано е: „По целата земја имаше еден јазик и еден говор. А кога отидоа од исток, најдоа рамнина во земјата Сенарска, та се населија таму. И си рекоа меѓу себе: ,Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме! И имаа тули наместо камен и смола земјана наместо вар. Потоа рекоа: ,Сега да соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по лицето на целата земја!“ (1. Мој. 11, 1-4). Бог не ја одобрил нивната замисла и не го дозволил нејзиното исполнување. Тие замислиле нешто надмено, затоа Бог раководен од Својата вродена добрина, ја спречил нивната работа преку помешување на јазиците, за да им докаже, дека намери, кои ја надминуваат човечката можност се неисполниви и нема да Continue reading

Православието во Ерменија

ERMENIJA 04ПРАВОСЛАВИЕТО ВО ЕРМЕНИЈА

Местоположба: Ерменија се наоѓа во југозападна Азија. На запад граничи со Турција, на север со Грузија, на исток со Азербејџан, а на југ со Иран.

Површина: 29.800 км2.

Број на население: 2.976.372 жители (според пописот од јули 2006 година).

Официјален јазик: ерменски.

Куса историја на државата. Претците на современите Ерменци, како што се претпоставува, пристигнале од запад околу XII век пред Христовото Раѓање и се населиле во областите кои подоцна се нарекувале „Мала Ерменија“. Во VII век пред Христовото Раѓање на истиот простор изникнала малата ерменска држава, која во Библијата се спомнува како „Домот на Тогарма“ (1. Мој. 10: 3). Оваа држава била освоена од мидискиот цар Увахшатрој во 580 година пред Христовото Раѓање.

Името „Ерменија“, кое Ерменците не го користат, им е дадено на јужните соседи – Арамејците, Персијците и Мидијците, додека самите Ерменци својата земја ја нарекуваат „Хајк“. Првото спомнување на терминот Ерменија се сретнува во клинестите записи на персискиот цар Дариј I (522-486 пред Христа). Од VI па до IV века пред Христа, оваа територија влегувала во состав на државата на Ахеменидите.

Персиското владеење престанало кога Александар Македонски ги присоединил овие земји кон својата империја. По смртта на Александар, управникот на Источна Ерменија се прогласил себе си за цар. Ова самостојно Араратско царство било освоено по 100 години од сирискиот цар Антиох Велики, но по неговиот пораз од Римјаните, локалните управници во 189 година пред Христа почнале да се прогласуваат за цареви. Така никнале три ерменски царства: Велика Ерменија, Мала Ерменија и Софена.

Во Велика Ерменија речиси 200 години управувала династијата на Арташесидите, која во еден кус период ги имала освоено Сирија и Палестина, но ги загубила по Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Храната и облеката

97326СВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ХРАНАТА И ОБЛЕКАТА

Храната е неопходна за поткрепа на телото, за да живее и твори без тешкотија, но не и да се оддава на раскош и суета. Што се однесува до храната за вас нека послужат како раководство следните правила, зашто мнозина паѓаат во грешка при своите расудувања за јадењата. Едни рамнодушно пристапуваат кон идоложртвените јадења; други се строги кон себеси, но ги осудуваат оние, кои јадат; трети пак, при размислување за храната, ја осквернуваат душата на различни начини, поради незнаење за ползата или штетата од тоа, што да јадат и што да не јадат. Ние постиме, откако се воздржуваме од вино и месо, не оти го презираме виното и месото како маснотија, а зашто се надеваме на награда – се надеваме дека, откако ќе го презреме плотското, ќе се насладиме од животворната духовна трпеза; се надеваме дека, откако ќе посееме солзи во сегашниот, ќе пожнееме радост во идниот век. Меѓутоа, никој да не ги пренебрегнува оние, кои вкусуваат и јадат поради телесна слабост. Не треба да се осудуваат и оние, кои употребуваат по малку вино „поради стомакот и честите боледувања“ (1. Тим. 5, 23); не треба да ги осудуваме и нив како грешници и да не се одвратуваме од месото како од нешто туѓо. Такви луѓе имал предвид апостолот, кога напишал: „Забрануваат да се стапува во брак и советуваат воздржување од јадења, што ги создал Бог, верните да ги јадат со благодарност и оние, што ја познаа вистината“ (1. Тим. 4, 3). Continue reading

Прота Панто Ацев

12714198_10207644557219437_1229540062_nПРОТА ПАНТО АЦЕВ

ПО ТРАГИТЕ НА ЕДЕН НАДГРОБЕН СПОМЕНИК

На старите градски гробишта постои еден надгробен споменик, на кој е испишан еден интересен епитаф, а под епитафот е испишано и името на покојникот: прота Панта Ациќ († 26.12.1922), а до него и имињата на неговата сопруга, презвитерата Јелена Ациќ († 14.11.1925) и нивната ќерка Параскева Ациќ († 17.12.1912).

Протоерејот Панта Ациќ (Панто Ацев) бил син на свештеникот Аце, кој бил роден во 1810 година, и презвитерата Анна, родена во 1821 година. Годините на смртта на неговите родители не се познати. Семејните корени на отец Аце биле од Струга, а свештеничко образование стекнал во Неготин, во Тимочка Краина, Србија.

Малку е чуден овој податок и се поставува прашањето: Зошто отец Аце се одлучил да замине дури во Неготин Краина, за да се стекне со свештеничко образование? Имено, треба да се знае дека со формирањето на Тимочката епархија во 1834 година, започнува воведување на ред и поредок меѓу свештенството. Најзаслужен за ова бил првиот епископ на Тимочката епархија, преосвештениот владика Доситеј Новаковиќ (1774-1854), родум од селото Дабница, Прилепско. Како прв епископ со седиште во Continue reading

Свети Григориј Ниски: Раскошот

97252СВЕТИ ГРИГОРИЈ НИСКИ: РАСКОШОТ

Каде и да се појави тоа зло, како некаква болест, тогаш неизбежно ги влече по себеси и своите лоши последици. Што влече по себеси раскошот? Склоните да имаат раскошна и суетна трпеза задолжително се вовлекуваат во строеж на великолепни зданија, расфрлаат многу средства за поддршка на големите свои живеалишта и расипуваат пари за нивното префинето украсување. Покрај тоа, се суетат за убавината на леглата, китејќи ги со цветни и шарени килими; си порачуваат многу скапи сребрени маси, едни мазно полирани, други пак, украсени со резба – па, истовремено да служат и за наситување на грлото, и за наситување на погледот со своите изгледи. Да не го оставиме без внимание и сè друго: чаши, триножници, чинии, безбројни видови на чаши и садови за пиење; музиканти, хористи, актери, шутови, пејачи, пејачки, танцувачки и остроумни; цела свита од развратни момчиња и бесрамни девојки, кои заемно се соблазнуваат и по своите карактери личат на Иродијада – кои го убиваат Јована, карактери, кои не се населени со богоподобен и љубомудар дух!

Во тоа време, кога сè ова се случува внатре во таков дом – надвор, пред вратите лежат безбројни Лазаровци: едни покриени со тешки рани, други – со извадени очи, трети – со изгубени нозе, а четврти – тажно ползат. Тие викаат за милостина, но гласот им се заглушува од вревата на музиката, од пеењето на пејачите и од татнежот на силната смеа. Ако пак, сиромавите некако, посилно затропаат на Continue reading

Антиохиска Православна Црква

Coat_of_arms_Greek_Orthodox_Patriarchate_of_AntiocАНТИОХИСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

КРАТКА ИСТОРИЈА

Антиохија била основана околу 300 година пред Христовото раѓање од страна на Селевек I Никатор, првиот цар од динстијата Селевкиди. Нејзината погодна географска положба ѝ овозможувала да ги контролира главните трговски патишта, па набргу Антиохија постанала најбогат град во државата. Во 64 година пред Христовото раѓање Сирија, а воедно и Антиохија, станале дел од Римската империја, а во текот на I и II век по Христа тие го заземаат третото место по величина и значење среде римските градови, наоѓајќи се веднаш зад Рим и Александрија. Мнозинството од месното население го сочинувале Сиријци, кои со тек на време биле изложени на елинизација. Втора етничка општина била јудејската. Како и во сите други области на Римската империја, токму таа етничка општина се покажала како благодатна почва за ширење на христијанството.

Во Делата апостолски ние наоѓаме спомнување на Антиохија, кое е поврзано со изборот на седумте ѓакони на Црквата, од кои еден бил и свети Стефан, кој доживеал маченичка смрт во Ерусалим. „А некои од нив – Кипрани и Киринејци, штом влегоа во Антиохија, им зборуваа на Елините, проповедајќи им го Евангелието на Господа Исуса“ (Дела 11, 20). Проповедта на Евангелието во Антиохија не била извршувана само од Јудејците, туку и од мешаното јудејско-јазичничко население во текот на првите десетина години по Христовото Воскресение, па според тоа лесно можеме да заклучиме дека темелите на црковната општина во Антиохија се поставени околу 40-тата година.

За грижник на новообратените во Антиохија бил испратен свети апостол Варнава, кој, откако се восхитил од големиот број на верни, го повикал и свети апостол Павле. Согласно Светото Псимо, токму тука за првпат е употребен терминот „христијани“ (Дела 11, 26). Важно е да се забележи дека во Антиохија евангелската вистина за првпат е откриена за Елините – јазичници. За доаѓањето на свети апостол Петар во Continue reading

Свети Ефрем Сирин: Немарната душа

97125СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: НЕМАРНАТА ДУША

Душо, не губи надеж, не тажи бескрајно, не произнесувај над себеси конечна пресуда за многуте гревови, не го привлекувај кон себеси вечниот оган, не говори без надеж; „Господ ме отфрлил од лицето Свое!“ Тие зборови не се угодни на Бога, зашто само Он вика кон тебе, говорејќи: „Народе мој, што ти направив и со што ти дотегнав?“ (Мих. 6, 3). 3арем оној што паднал, не може да стане? Или оној што е очаен, не може да се возврати? Душо, слушаш ли, и гледаш ли, каква е Божјата добрина? Не во рацете на кнезот на темнината си предадена ти како осудена. Не тажи, дека во тебе не останало ништо духовно – не се срами, а покај се и кажи: подобро е да станам и да отидам при својот Отец (Лука 15, 18). Стани и иди: Он ќе те прими, нема да те укори, напротив – ќе се зарадува за твоето обраќање! Он те чека, само не се срами како Адам, ниту се сокривај од лицето Божјо како праотецот. Христос се распна заради тебе – зарем ќе те отфрли? Да не биде тоа? Христос знае кој нè измачува; знае, дека немаме друг помошник, освен Него; знае, дека човекот е немоќен; за Него не е придобивка да нè брани на мака; ниту пак има потреба да нè фрла во оган; затоа, да не бидеме немарни како оние, кои се определиле за вечниот оган!

Човечката последица и земниот суд носат солзи и срам, плач и мака – но тоа е времено; но има место и суд, каде времето не суштествува и годините не се пресметуваат во денови. Најмногу за тоа место треба да Continue reading