Еретичките дела

betty_prae_img1ЕРЕТИЧКИТЕ ДЕЛА

Пак ти пишувам, верен сине на Источната Црква, зборови на искрен и благ совет. Овие зборови не ми припаѓаат мене, туку на Светите Отци. Оттаму потекнуваат сите мои совети.

Чувај ги умот и срцето од лажно учење. Не разговарај за христијанството со луѓе, кои се заразени со лажни мисли; не читај книги за христијанството кои ги напишале лажни учители. Вистината ја следи Светиот Дух. Он е Дух на Вистината. Лагата ја следи и содејствува со неа духот на ѓаволот, кој е лазач и татко на лагата.

Оној што ги чита книгите на лажните учители, неминовно се присоединува со лукавиот и мрачен дух на лагата. Ова нека не ти се чини чудно и неверојатно; така тврдат светилата на Црквата – Светите Отци. „Никој да не го чита она – рекол Петар Дамаскин – што не служи за угодување на Бога. Ако некогаш, од незнаење и прочита нешто такво, нека се потруди колку што може побргу да го избрише од памтењето со читање на Божественото Писмо, и тоа токму на оние книги, кои најмногу служат за спасение на неговата душа, сходно на нејзината состојба… А книгите кои се спротивни на тоа, никако да не ги чита. Зошто да прима нечист дух, наместо Светиот Дух? Кој со какви зборови се занимава, добива и особини на тие зборови, иако неискусните тоа не го гледаат онака како што гледаат духовно искусните“.

Ако твоите ум и срце со ништо не се испишани, Вистината и Духот нека ги напишат на нив Божјите заповеди и Неговото духовно учење.

Ако пак, си дозволил таблиците на душата да ти се испишат и ишараат со разновидни поими и впечатоци, не разбирајќи мудро и внимателно кој пишува и што пишува, тогаш, Continue reading

Свети апостол Матеј

img646СВЕТИ АПОСТОЛ МАТЕЈ

Свети Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки и до нас дојде на грчки, додека она на еврејски се изгуби. За овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, а се хранел со овошје и зеленчук.

Матеј бил син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го видел Христос во Капернаум и го повикал: „Врви по Мене.“ И откако станал, тргнал по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приредил дочек на Христос во својот дом и со тоа дошло до повод Христос да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го примил Светиот Дух, свети Матеј го проповедал Евангелието во Партија, Мидија и Етиопија, земјата црнечка.

Во Етиопија, Матеј го поставил за епископ некој Платон, свој следбеник, а самиот се повлекол во молитвена осама во гората каде што му се јавил Господ. Ги крстил жената и синот на кнезот на таа земја, заради што кнезот се разгневи и испратил стража да го доведат Матеј пред него на суд. Војниците отишле и се вратиле кај кнезот говорејќи дека го слушнале гласот Матејев, но никако со очите не можеле да го видат светиот апостол. Тогаш кнезот испратил друга стража. Кога и оваа стража му се приближи на апостолот, него го огреа небесна светлина толку силна, што војниците не можеа да гледаат во него, но исполнети со страв го фрлиле оружјето и се вратиле. Тогаш кнезот сам пошол. Кога му се приближил на свети Матеј, Continue reading

Целта на новозаветните страдања

Exif-JPEG-422ЦЕЛТА НА НОВОЗАВЕТНИТЕ СТРАДАЊА

И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите, зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, Која се пролева за мнозина, за опростување на гревовите“ (Мат. 26, 27-28). Кој ли може да го искаже домостројот на Отецот Небесен, Кој што го вети уште во времето на Адама, а го исполни во лицето на Својот Син, Христос? Кој ли може да ги опише и да ги искаже Неговите добрини, Неговите милости, Неговата љубов? Црн мрак ја покри земјата и злото завладеа во светот. Завладеа кнезот земски со своите црни ангели, а своите мрежи постојано ги постилаа насекаде по земјата, ловејќи човечки души. Гревовите ги помрачија човечките умови и нивното духовно око беше затворено. Од слепилото нивно, не го познаа дојдениот Спасител, туки како гладни лавови, жедни за месо и крв, го убија својот Лекар, не сакајќи да се излекуваат.

Старозаветните пророци, ревносно го пророкуваа  старадањето на Синот Божји и во срцата свои тагуваа за народот озлобен и полн со безаконија. Како река незапирлива течеа гревовите, не оставајќи простор за дела богоугодни. Светиот пророк Исаија жалеше во себе за народот Израилски, кој не сакаше да го послуша туку сите ние бевме заблудени како овци, бегајќи од вистината.

Чашата на спасението дојде во светот. Таа се наполни со спасетелната крв на нашиот Христос и на садот се положи телото Негово за наше избавување. Времето наближи и кажаното од пророците се исполни. Спасителот се вочовечи и дојде во светот за да ги очисти гревовите наши. Бог требаше да се воплоти и да умре, за да можеме ние да живееме- вели светиот Григориј Богослов, а светиот Атанасиј Велики ни вели: Ако Бог се роди и умре, не умре зашто се роди, туку се роди за да умре. Навистина , фаталната неизбежност на смртта немаше корен во човековата природа на Христа, но раѓањето како човек, во Неговата божествена личност веќе воведува елемент кој може да стане смртен. Со оставеноста, со проклетството, Невиниот на себе го зеде целиот грев, ги „застапува во себе“ праведно осудените и заради нив ја претрпува смртта и како што вели апостол Павле: Continue reading

Родителите и верската поука

118877.bРОДИТЕЛИТЕ И ВЕРСКАТА ПОУКА

„Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо“ (Марко 10: 14);

„И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку воспитувајте ги во науката и стравот Господов“ (Ефес. 6: 4).

Живееме во време на длабока духовно-морална криза, чии бранови силно го потресуваат нашето современо општество. Добар дел од општеството сè повеќе се оддалечува од доброто и сè подлабоко потонува во злото. Многу се причините за оваа болест. Поединци лесно паѓаат под влијанието на злото, зашто се премногу слаби да се борат против него. Таа нивна немоќ доаѓа оттаму, зашто уште како деца не успеале од родителскиот дом да понесат доволно сила за да се борат против злото и да се спротивстават на неговите искушенија. Тоа е голем недостаток.

Оваа појава денес сè повеќе нè поттикнува почесто да говориме за домашното, верско-морално воспитување, кое во наше време е запоставено, а последиците од тој пропуст доволно се чувствуваат и во нашето општество.

Детето се раѓа и доаѓа во овој свет како малечко и немоќно суштество, кое без туѓа помош и нега, не би можело да живее, ниту да ги развива своите физички и духовни способности. Како такво, тоа е подложено на влијанието на доброто и злото. Од воспитувањето зависи во која насока ќе се развиваат неговите духовни способности. Според мислењето на философот Кант, човекот не е ништо друго, освен она, кое од него ќе го направи воспитувањето, а само преку воспитувањето може да се постане вистински човек.

Преку доброто воспитување може многу да се направи. Сите добри особини децата можат да ги развијат до највисок степен, а лошите особини навреме да се стопираат и уништат. Во процесот на воспитувањето најмногу се важни првите години од детската возраст. „Дајте ми го детето да го воспитувам до петтата година, па потоа нема да се грижам во чии раце потоа ќе биде“, – рекол прочуениот педагог Свифт.

Од сите форми на воспитување, најдобро е христијанското, кое се стекнува во семејството. Тоа воспитување е премногу значајно, но тешка е задачата. Свети Јован Златоуст говори: Continue reading

Еретиците (02)

406px-ManicheansЕРЕТИЦИТЕ (02)

Вие велите: „Еретиците се, исто така, христијани“. Откаде ви е тоа? Зарем некој, кој себеси се нарекува христијанин, а не знае ништо за Христа, во своето крајно незнаење ќе одлучи себеси да се смета за ист таков христијанин како еретиците, и светата христијанска вера да не ја разликува од проклетата богохулна ерес? Поинаку за тоа размислуваат вистинските христијани! Многубројни светии примиле маченички венец, бидејќи повеќе сакале најлути и предолги маки, темница и прогонство, отколку да се согласат на учество во богохулното учење на еретиците. Вселенската црква ереста отсекогаш ја сметала за смртен грев, отсекогаш сметала дека човекот, кој е заразен со страшната болест ерес, е мртов по душа, туѓ на благодатта и на спасението, дека е во општење со ѓаволот и во негова погибел. Ереста е грев на умот, грев повеќе ѓаволски, отколку човечки, таа е ќерка на ѓаволот, негов изум, безбожност блиска на идолопоклонството. Отците идолопоклонството вообичаено го нарекуваат „нечестие“, а ереста – „злочестие“. Во идолопоклонството ѓаволот од заслепените луѓе го зема божественото почитување за себе, додека во ереста, заслепените луѓе ги прави соучесници во својот главен грев – богохулењето. Кој со внимание ги чита Делата на соборите, лесно ќе се увери дека карактерот на еретиците е потполно сатански. Тој ќе го согледа нивното ужасно лицемерство, несфатливата гордост, ќе види дека нивното однесување се состои од непрекинати лаги, дека се предаваат на разни ниски страсти, ќе види дека тие, кога имаат можност, се осмелуваат да прават најужасни престапи и злосторства. Посебно е значајна нивната непомирлива омраза и крвожедност кон чедата на вистинската Црква! Ереста е поврзана и со гневот на срцето, со страшно помрачување и повреденост на умот, и упорно се држи во душата, која е заразена со неа. На човекот му е тешко да се исцели од таа болест! Секоја ерес во себе содржи хулење на Светиот Дух: таа хули или на догматот за Светиот Дух, или на дејството на Светиот Дух, но секако хули на Светиот Дух. Суштина на секоја ерес е богохулењето. Свети Флавијан, патријарх Константинополски, кој со крв го запечатил исповедањето на вистинската вера, му изрекол пресуда на помесниот Константинополски собор против еретикот Евтихие со следниве зборови: Continue reading

Еретиците (01)

montanus-book_10ЕРЕТИЦИТЕ (01)

Горчлив лелек заслужува глетката: христијаните не знаат во што се состои христијанството! А денес погледите постојано наидуваат на таква глетка и ретко се утешени со поинаква, навистина утешна! Во многубројните маси на оние кои се нарекуваат христијани, погледите ретко можат да запрат на некој, кој е христијанин и по име и на дело.

Прашањето кое го поставивте, сега е сосема вообичаено: „Зошто нема да се спасат – пишувате вие – незнабошците, муслиманите и таканаречените еретици? Меѓу нив има предобри луѓе. Да се погубат тие најдобри луѓе би било спротивно на Божјото милосрдие!… Тоа се противи дури и на здравиот човечки разум! И еретиците се исто така христијани. Да се сметате себеси за спасени, а членовите на другите вероисповеди загинати, е безумно и премногу гордо!“

Христијани! Вие расудувате за спасението, а не знаете што е спасение, зошто им е потребно на луѓето, и конечно – не Го знаете Христа, Кој е единствено средство на нашето спасение! Еве го вистинското учење по тој предмет, учењето на светата Вселенска Црква: спасението се состои во обновување на општењето со Бог. Тоа општење го загубило целиот човечки род со падот на првородителите во грев. Целиот човечки род е – собир на загинати суштества. Погибелта е удел на сите луѓе, и на добродетелните и на злобниците. Се зачнуваме во беззаконие, се раѓаме во грев. Со тага ќе слезам во адот по својот син – вели светиот патријарх Јаков за себе и за својот свет, прекрасен и целомудрен син Јосиф! По завршувањето на своето земно странствување, во адот слегувале не само грешниците, туку и праведниците на Стариот Завет. Ете колкава е силата на човечките добри дела! Таква е вредноста на добродетелите на нашата падната природа! За да биде обновено општењето на човекот со Бог, т.е. за спасение, било неопходно искупение. Искупението на човековиот род не го извршил ангел или архангел, ниту некој друг од вишите, но ограничени и создадени битија – го извршил Самиот безграничен Бог. Казните, како удел на човечкиот род, се заменети со Неговото погубување; недостатокот на човечките заслуги е заменет со Неговото бесконечно достоинство. Сите човечки добри дела – слаби, кои слегувале во адот – заменети се со едно моќно добро дело: вера во нашиот Господ Исус Христос. Јудејците го прашале Господа: Continue reading

Дваесет и втора Недела по Педесетница

Lazarus_at_rich_man_821965777ДВАЕСЕТ И ВТОРА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила… Имаше, исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова“

 (Лука 16: 19-20)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Проблемот на социјалната поделба на луѓето трае со векови. Евангелската парабола, која ни ја раскажал Господ Исус Христос за богатиот и сиромавиот Лазар, е потврда за тоа. И пред две илјади години имало богати и сиромаси, исто како што е и денес. И тогаш многумина уживале во својот раскош, задоволувајќи ги најлуксузно своите животни потреби, додека пак, за разлика од нив, многумина немале ни ронка леб во своите раце за да ги нахранат своите гладни усти, а да не зборуваме, пак, за останатите животни најелементарни потреби. За жал, оваа состојба низ човештвото се провлекува илјадници години и прашање е дали некогаш ќе завршат ваквите социјални, класни, расни и секакви видови на поделби.

Можеби главната поента на оваа парабола се состои во фактот дека оној, кој ужива овде на земјава, горе, каде што ќе биде вечниот живот, ќе страда, и обратно, оној, кој страдал овде на земјава, горе ќе се насладува на рајските убавини. Но, има уште многу важни вистини во оваа парабола, кои Господ Исус Христос сака да ни ги пренесе, а кои, можеби, ние и на прв поглед не можеме да ги забележиме.

Пред сè, да обратиме внимание на фактот дека во оваа парабола Спасителот го потенцирал името на сиромвиот, кој се викал Лазар, додека, пак, богатиот е безимен, односно, неговото име никаде во параболата не се спомнува. Тоа има длабоко значење. Секој човек има име, кое е дадено од Бога. Тоа име во себе ја содржи целта на човечкото постоење и неговиот повик во себе да го востанови Божјиот образ преку добродетелите. Човекот може да го реализира Божјиот план, кој уште од почетокот е заклучен во неговото име, или, пак, да не го реализира. Ако човекот умеел да го реализира, Continue reading

Бог повикува на покајание

3530БОГ ПОВИКУВА НА ПОКАЈАНИЕ

Грешникот, кој се одвојува и оддалечува од Бога, него Бог не го остава, туку оди по него и го повикува со татковски глас: „Чедо, каде се оддалечуваш од Мене? Каде ќе го најдеш блаженството без Мене и надвор од Мене? Насекаде ќе те сретнуваат неволји.“ И така, повикувајќи го, го приближува кон Себе. А го приближува на разни начини:

1. Однатре, преку својата благодат, со која чука на вратите од нашето срце. Преку совеста, која прекорува поради гревот и му го предочува на грешникот Божјиот суд и вечната мака за гревовите;

2. Нѐ приближува преку спасителното промислување, страдањето, смртта и воскресението на Својот Син, Исус Христос, покажувајќи дека тоа големо дело се случило поради нас. Христос не дошол во светов поради некој друг, туку поради грешниците: „Оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното“ (Лука 19: 10); „Зашто не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците, на покајание“ (Матеј 9: 13). Он ги повикува грешниците преку покајание да се вратат при Него: Continue reading

Свети Нектариј Егински

OLYMPUS DIGITAL CAMERAСВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ

Свети Нектариј е роден на 1 октомври 1846 година, во Силвира, регионот на Траки (Грција), како петто од вкупно шест деца во сиромашно семејство. Неговото име било Анастасиос Кафалас. На возраст од 14 години се преселил во Константинопол (Истанбул), каде што почнал да работи за да може да го продолжи образованието. Во 1866 година се преселил на островот Киос, каде што наредните години го надополнил своето образование. Бидејќи бил од сиромашно семејство, кога сакал да замине од својот дом, немал пари за да го плати билетот на бродот, а капетанот не сакал да го пушти да влезе без билет. И неколку дена бродот не можел воопшто да се помрдне. Дошле најдобрите мајстори, но не можеле да откријат зошто бродот не може да исплови. Свети Нектариј целото тоа време седел спроти бродот нажален, и дури кога капетанот му го фатил погледот, сфатил зошто бродот не може да тргне. Во моментот кога го пуштил свети Нектариј да се качи, во тој час бродот испловил.

Во 1876 година, на возраст од 30 години се замонашил и го добил името Нектариј. Во 1885 година дипломирал на Универзитетот во Атина. За време на своето студирање, напишал многу книги и дал многу свои коментари на Библијата. По дипломирањето, заминл во Александрија, Египет, каде што бил ракоположен за еромонах и служел во црквата во Каиро. Заради неговата побожност и дарба за проповед на Евангелието, Continue reading

Собор на свети Архангел Михаил

48830417_30411921_arhangelСОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ

„Ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои“

(Псал. 90: 11)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Светот би бил премногу беден по содржина, ако во него би суштествувало само она, кое човекот би можел да го почувствува само со своите надворешни чувства. Самото постоење во таквиот свет, во кој не би постоеле ни минато, ниту, пак, иднина, каде што смртта безобѕирно ја покосува секоја создадена творба и секој жив стремеж кон доброто и блаженството, би било трагична противречност.

Но, човекот со својот разум и со своите духовни чувства, способен е значително да го рашири своето сфаќање за светот и да согледа дека, покрај физичкиот, материјалниот, постои и духовниот, величенствен свет. Материјализмот од минатиот век постојано ја исмејувал самата можност за поинакви форми на живот, освен оној, кој постои на земјата. А, согласно Светото Писмо, и според учењето на Православната Црква, ангелите, како и сите луѓе кои постојат на земјата, се создадени од Бога. Во првите зборови од Библијата се говори: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мој. 1: 1), а во овие зборови го согледуваме првото укажување на создавањето на ангелскиот свет од Бога; свет, кој со еден збор наречен е – небо. А, ангелите веќе постоеле при создавањето на ѕвезденото, материјално небо, а тоа го заклучуваме, исто така, од зборовите во Светото Писмо, кога Господ се обраќа до праведниот Јов: Continue reading