Свети Мало, првиот епископ на Сен-Мало

Saint_MaloСПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ МАЛО, ПРВИОТ ЕПИСКОП НА СЕН-МАЛО И ЕДЕН ОД ЛЕГЕНДАРНИТЕ ОСНОВАЧИ НА БРЕТАНИЈА,[1] ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 15 НОЕМВРИ

(487-565; велшки: Mach Lou; бретонски: Malou; латински: Maclovius)

Свети Мало е келтски светител, еден од легендарните основачи на Бретанија и првиот епископ на градот Сен Мало,[2] наречен во негова чест.

Роден е во велшко семејство, во реонот Каубриџ (Y Bont-faen), во грофовијата Гламорган, во Јужен Велс. Според житието, кога тој се родил, неговата мајка имала 67 години. Бил ученик на свети Брендан, со кого заедно оделе на поклонувања на светињите низ Велс и Англија. Поминувајќи го Ла Манш, тој се населил на еден остров, каде што денес се наоѓа гратчето Сен Мало. Го основал епископството Алет, каде што формирал манастирски заедници, во кои главна дејност било лозарството. Поради сè почестите малтретирања и прогонувања, тој бил принуден да го напушти манастирот, па заедно со своите следбеници се населил во Аршинжи (Сентонж), денешниот департмент на Приморски Шарант, каде што и го завршил земниот живот.

Во X век, со одобрение на Хуго Велики, неговите мошти биле пренесени во Париз.

Свети Мало денес е почитуван како еден од основачите на Бретанија. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 15 ноември според Јулијанскиот календар.

[1] Бретанија (француски: Bretagne; бретонски: Breizh; галски: Bertaeyn) е историска е област и регион во северозападна Франција. Своето име го добила од племето Брити, кои тука се населувале во почетокот на средните векови. Дотогаш таа била западен дел од вкупните крајбрежни територии, расположени меѓу Сена и Гарона, кои се нарекувале Арморик (страна кај морето). Најжестоките борби за освојување на оваа територија се воделе од 440-600 година, кога имало напади од Брити од Британските Острови. Во војната против Франките, тие успеале да издејствуваат самостојност, а со тек на време Бретанија влегла во составот на независните херцогства. Долг период Бретанија се колебала на која страна да припадне – Франција или Англија. Сепак, во 1532 година, таа званично и конечно влегла во состав на Франција. Бретанија денес има околу 4.000.000 жители, а главен град е Рен.

[2] Сен Мало (Saint Malo, Sant Malou) е град и пристаниште во Бретанија, во северозападна Франција, кој се наоѓа на брегот на Ла Манш, на устието на реката Ранс. Иако градот има околу 50.000 жители, денес важи за голем туристички центар, каде што во време на сезона има и до 200.000 туристи.

Ново издание на нашата Епархија

Picture 132НОВО ИЗДАНИЕ НА НАШАТА ЕПАРХИЈА

Со Благослов на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Петар, излезе од печат книгата „Историја на Плетварско-беловодичката парохија при Прилепското архиерејско намесништво – Преспанско-пелагониска епархија“.

Книгата претставува историски осврт на животот и фунционирањето на оваа парохија при Прилепското намесништво. Во неа е поместен историски осврт за постоењето на парохијата, хронолошки редослед на парохиските свештеници од нејзиното основање, па до денес, список на имоти на црквите и манастирите, список на икони на секоја црква и манастир, куси биографски податоци за секој свештеник, кој бил на оваа парохија, како и историјат на секое село, кое денес е во состав на парохијата.

Да се потсетиме, оваа парохија денес ја сочинуваат селата: Беловодица, Дрен, Крстец, Лениште, Мало Радобил (Мало Село), Мрамор, Никодин, Ореовец, Плетвар, Големо Радобил (Радобил), Ракле, Смолани, Топлица, Тројаци и Царевиќ.

Во оваа парохија денес се наоѓаат 16 цркви (1 гробјанска), 6 манастири (2 во изградба) и 2 параклиси.

Преподобен Пахомиј Велики

ib4278ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво, на почетокот на монашката историја стои и преподобниот Пахомиј, исто така почитуван како Велики, не само заради својата посебна духовна величина, туку и заради тоа што тој е и творец и законодавец на првите големи киновии, или монашки општожитија, првите вистински манастири.

Неговиот животен пат се разликува од оној на преподобниот Антониј. Тој е помлад од Антониј, роден е околу 282 година, но сепак, не ја дочекал Антониевата старост, ниту го надживеал тој голем отец на пустината, зашто починал во 346 година. Пахомиј бил роден како незнабожец, Египќанин по потекло, кој како офицер учествувал во војната на Константин против Максенциј, која била пресудна за историјата на христијанската црква. Во тоа време, од прилика, и самиот Пахомиј доживеал вистинско обраќање: се крстил, ја напуштил војската и светот и сè што го врзувало за светот, па побегнал во пустината во Горен Египет, околу реката Нил, во крајот кој се нарекувал Тиваида, според градот Тива. Таму бил ученик на еден угледен пустиножител по име Паламон, под чие раководство достигнал висок степен на монашко совршенство. Паладиј, во својот „Лавсаик“, кажува дека Пахомиј бил „еден од најголемите подвижници, кој бил удостоен за пророчки дар и ангелски виденија“. Значи, Пахомиј тргнал по истиот пат, по кој тргнале и Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Христовото Вознесение

voznesenie_nova_srbijaСВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ХРИСТОВОТО ВОЗНЕСЕНИЕ

Исус Христос, откако го исполнил подвигот на трпението, и откако ги избавил луѓето од гревот, се вознел на небесата, обземен од облак. При Неговото вознесение, ангелите Му претстојале и апостолите Го гледале. Ако некој не верува на ова, што го зборувам, нека поверува на идното, што се гледа и сега. Сите умрени цареви, заедно со својот живот, ја губат и својата власт, и својата слава, а на распнатиот Христос се поклонува целата вселена! Го проповедале Распнатиот и демоните треперат – во разни времиња има многу распнати: гласот на некој друг распнат го изгонил ли некогаш ѓаволот? Поради тоа, да не се срамиме од крстот Христов – ако некој се срами, ти откриено изобразувај го на своето чело, та демоните, откако ќе го видат царскиот знак, да бегаат во трепет многу далеку. Прави го тоа изобразување кога јадеш, пиеш, седиш, легнуваш, стануваш, говориш, одиш – со еден збор, крсти се при секоја работа: зашто, Кој е распнат тука, Он е сега горе на небесата. Ако Распнатиот и погребениот беа останале во гроб, тогаш би имале причина да се срамиме – меѓутоа, сега не, зашто Распнатиот на онаа Голгота се вознел на небото од Елеонската планина, што е на Исток. Тука Исус Христос, откако слегол во адот и повторно дошол при нас, се вознел на небото, при што Бог Отец Му рекол: „Седи од Мојата десна страна, додека ги ставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои“ (Псал. 109, 1).

На оние кои го оспоруваат вознесението на Спасителот, како нешто невозможно, да им припомнеме за напишаното во Continue reading

Свети Тејло, епископот на Ландаф

tejloСПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ ТЕЈЛО, ЕПИСКОПОТ НА ЛАНДАФ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 9 ФЕВРУАРИ

(?-580; велшки: Teilo)

Свети Тејло е роден во околината на Пенали кај Тенби (Penally by Tenby), во областа Пемброкшир.

Своето образование го стекнал под раководство на светите Дифриг и Павлин, преку кои се запознал со свети Давид. Неговите современици претпоставувале дека неговото име потекнува од некој антички збор, што означува „сонце“. И навистина, со својот живот тој се покажал како вистинско сонце за целиот Велс.

Откако го завршил своето образование, Тејло продолжил да го следи патот на неговите учители. Како центар на неговото мисионерство бил манастирот Ландејло Фавр (подоцна Ландаф), во областа Кармартеншир.

Заедно со светите Давид и Патерн, тој заминал за Ерусалим. Во времето на „жолтата чума“, (болест, која била наречена така, зашто своите жртви ги правела „жолти и бескрвни“), тој заминал за Бретанија, каде што се подвизувал со свети Самсон во Дол. Тука насадиле голем овоштарник со најразновидни дрва, кој бил долг околу три милји и се протегал од Дол до местото Ке, кое до денес го носи истото име. Откако поминал неколку години при свети Самсон, тој заминал кај бретонскиот водач Будик, кој бил женет со неговата сестра Аномеда. По седум години и седум месеци, тој се вратил во Ландаф, земајќи го со себе својот роднина Евдокиј, кој подоцна го Continue reading

Свети Јован Златоуст: Мрзливоста и трудот

103260СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: МРЗЛИВОСТА И ТРУДОТ

Безразборно да не ги сметаме богатите за среќни, а сиромавите да ги понижуваме и сожалуваме – да не се отуѓуваме и срамиме од занаетите: да го сметаме за бесчестие празнословието и безделништвото, а не чесниот труд! Ако работата беше бесчестие, со неа не би се занимавал Павле и не би ја воспевал велејќи: „Ако проповедам Евангелие, нема за што да се фалам:… А каква ми е наградата? Таа е дека проповедувајќи го Евангелието, го проповедам за Христа дарум, не ползувајќи го своето право од благовестувањето“ (1. Кор. 9, 16 и 18). Само еден грев води кон бесчестие – тој, пак, се изродува од мрзливоста: таа е мајка не само на еден, на два, на три, туку на сите пороци! Заради тоа и премудриот, посочувајќи ја мрзливоста како учителка на секое зло и зборувајќи за животот на слугите, вели: „Праќај го на работа – мрзлив да не биде“ (Сир. 33, 28). Ако занаетот беше бесчестие – Павле не би заповедал: „Кој не сака да работи, нека и не јаде“ (2. Сол. З, 10). Како што е уздата за коњот – тоа е и трудот за човечката природа. Ако мрзата беше добродетел – земјата би родила сè, без сеидба и обработка: меѓутоа, таа ништо не раѓа без труд. Некогаш Бог ѝ заповедал сè да дава без обработка – меѓутоа, сега им вели на луѓето да ги впрегнат воловите, да го држат ралото, да прават бразди, да фрлаат семиња и со разни средства да ги обработуваат лозјата и градините, со цел да ги ангажира во работа и да ги оттргне од секое зло.

Макар и да звучат како казна и мака зборовите: „Со пот од лицето свое ќе јадеш леб“ (1.Мој. 3, 19) – всушност, тие се важна сугестија и полезно вразумување, и дури неопходно лекарство за раните, причинети од гревот. Затоа и Павле постојано работел – не само дење, но, дури и Continue reading

Свети Апостол Јаков Зеведеев

p190hj1f6vp3p1np41r071p9u15td4

СВЕТИ АПОСТОЛ ЈАКОВ ЗЕВЕДЕЕВ

Свети Јаков Зеведеев, познат уште и како Стари (грчки: Ιάκωβος, латински: Iacobus) е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и е признат за христијански светец.

Апостол Јаков е роден во Палестина. Јаков заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко. Тој бил голем преврзаник на Исус Христос. Во Евангелието се вели дека Јаков бил еден од тројцата апостоли на кој Исус Христос им ги откривал најголемите тајни. За него се вели дека целиот живот не јадел ниту маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода и дека бил девственик до крајот на животот. Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли.Според преданието, тој и во Мисир одел заедно со Дева Марија и со Јосиф кога Ирод барал да се убие новородениот Цар. По воскресението, Исус Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Свети апостол Павле (1 Кор. 15). Со указ на Господ ја составил првата Литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст ја скратиле и преработиле.

Свети Јаков проповедал по најразлични држави, се до Шпанија. По враќањето од Шпанија, се состанувал со многубројни Евреи со кој дискутирал на различни теми од реклигијата, па затоа Евреите, не можејќи да му одолеат, го најмиле магионочарот Хермоген. Но и самиот Хермоген, па и неговиот ученик Филип, кога го слушнале како проповеа, се покрстиле и преминале во Continue reading

Саентолошката секта регистрирана и во Македонија

592917САЕНТОЛОШКАТА ТОТАЛИТАРНА СЕКТА РЕГИСТРИРАНА И ВО МАКЕДОНИЈА, И ТОА КАКО ЦРКВА

Со одлука на Основниот суд Скопје 2, од пред некој ден во Македонија е регистрирана саентолошката тоталитарна секта како црква. Со регистрацијата, саентолошката секта е вметната во Регистарот на религиозни заедници и верски групи во Република Македонија.

Накусо, да се потсетиме дека саентологијата е движење или верување во учење чија идеологија се темели на делата на американскиот писател Л. Рон Хабард. Воспоставена е како секуларна филозофија во 1952 година, а нејзин творец бил писателот на научна фантастика Л. Рон Хабард, кој бил докажан пропаднат „психоаналитичар“.

Недолго потоа, во 1953 година била пренасочена како применета религиска филозофија, Хабард својата неверојатно популарна, но истовремено и необично приглупа религија ја основал на тезата дека животот на Земјата индиректно го создал семоќното вонземско суштество Ксена, меѓугалактички диктатор, кој пред 75 милиони години испратил милијарда свои поданици на Земјата, ги сместил покрај вулкани и потоа ги убил со хидрогенски бомби. Останале само нивните души – тетаните – од кои подоцна се развил животот на планетата Земја.

Ксена во меѓувреме бил затворен од неговите поданици во електронска планинска стапица, во која се наоѓа се до денес. Саентолозите тој мит го кријат од јавноста, но креаторите на серијата Саут Парк на одличен начин го искористија во една од своите епизоди.

За основачот на сектата, Рон Хабарт, треба да се знае и тоа дека, прво направил програма за ментално здравје, која ја нарекол дијанетика. Во исто време Рон се оженил, па се преселувал по Америка живеејќи од пишување научнофантастични романи. Години потоа го основа своето Continue reading

Свети Василиј Острошки

vasilije-ostroskiiiiСПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ

Свети Василиј Острошки е новојавен српски светител, чудотворец Острошки и Захумски. Неговиот спомен се празнува на 12 мај.

Свети Василиј се родил во с. Мркоњиќ, Попово Поле во Хумската земја (денешна Херцеговина) на 28 декември 1610 година од благочестиви и верни родители, Петар и Анастасија Јовановиќ. Уште како дете се одликувал со бистар ум, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Доблестите и набожноста младиот Стојан (тоа му било световното име) ги научил дома, бидејќи во неговото семејство постојано се мислело на Бога и спасението на душата, многу повеќе отколку на материјалните и пропадливи нешта. И макар што неговото семејство било доста сиромашнo, сѐ што имал бил учен да го сподели со другите, посебно кога како мало овчарче одел на пасење со другите деца. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужби.

Некои соседи, потурчени Срби, ги замразиле неговите родители, и таа омраза ја пренеле и врз нивното дете, поради неговата побожност. Тоа биле првите искушенија за младата душа, едно од првите со кои ќе треба да се справува низ целиот негов живот. За да го заштитат од непријателите, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен Завала, посветен на Воведение на Пресвета Богородица, а во која игумен бил неговиот чичко Серафим. Манастирот бил познат низ цела Херцеговина и бил поприлично богат, и таму благоразумниот Стојан се поучувал со мудроста на Светото Писмо и светите отци, во душата му се распламтила во љубовта кон Бога, за прв пат јавувајќи се кај него желбата за замонашување. Во манастирот во Завала преподобниот останал некое време, и потоа заминал во Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Раслабениот

раслабениотСВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: РАСЛАБЕНИОТ

Каде што се јави Исус – таму беше и спасението. Виде ли митар, седнат при митницата (царинарница) – го прави апостол и евангелист. Виде ли слеп – му дава вид, а на глувиот – слух. Погребан ли е пак Он со мртвите – ги воскреснува починатите. Ја обиколува и Овчата бања – не, за да го разгледа зданието, а да исцели болни. Он здогледува човек, легнат на одар и притиснат од извонредно тешка болест – зашто големо било бремето на неговите гревови и долготрајно тешкото страдање – и му вели: „Сакаш ли да оздравиш?“ (Јован 5, 6). Ништо повеќе не рекол, но поставил прашање со двојно значење. Оти не само телесно, но и душевно страдал раслабениот, што се гледа од отпосле речените зборови: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!“ (Јован 5, 14). Христос го прашал болниот: „Сакаш ли да оздравиш?“ Каква сила и милосрдие? Лекарот дава помош на желбата! Зашто спасението е од верата, затоа на раслабениот му било речено: „сакаш ли“ – та, по неговата желба да следи и дејство. Тоа може да го изрече само Исус, а телесните лекари не се во сила да го кажат. Оние, кои лекуваат емотивни болести, не можат секому да кажат: „Сакаш ли да оздравиш?“ Христос и желба предизвикува, и вера прима, и дар дава бесплатно.

Раслабениот вели: „Сакам да оздравам, но си немам човек“. Гледаш ли – Христос се јавува таму, каде што недостигало спасението? Многумина од болните си имале домови, а исто и познати, или други некакви блиски – раслабениот, вистински угнетен од секаква беда, немајќи можност да Continue reading