Свети Атанасиј Велики

AthanasiosСВЕТИ АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ

„Си бил тврдина на Православието, и со божествените догмати си ја утврдил Црквата…“

(Од Тропарот на светителот)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Според учењето на православната догматика, Црквата, која се наоѓа на земјата и во која ние сме крстени, и преку која ги добиваме сите свети Тајни за наше обожување по благодат и за стекнување на вечниот живот и спасението, се нарекува воинствена. Овој назив Црквата го добила, од едноставна причина што, таа секогаш се наоѓа во таква ситуација, што мора да ги одбива нападите од разните непријатели, кои имаат за цел да ѝ наштетат и да го нарушат нејзиното достоинство. Во првите три века од своето постоење на земјата, Црквата ги претрпувала силните напади од Евреите и јазичниците, а потоа, речиси целото време за нејзиното постоење, таа ги трпела нападите од разните еретици, кои на било каков начин се труделе да ги искривоколчат нејзините вистини. Таквата борба од непријателите на Православната вера продолжува и до ден денешен и, несомнено, таа борба ќе трае до крајот на светот и векот. За време на тие борби имало премногу тешки години за нашата Црква, не само кога таа била протерувана од Евреите и јазичниците, и не само кога таа била гонета од незнабожните Римјани со оган и меч, туку и тогаш, кога против неа војувале ерети­ци­те, кои за свое оружје го имале лукавството, омразата и ѓаволската итрост.

Такви тешки години за Црквата, во нејзината борба со еретиците, особено биле средните години од IV век, односно, периодот од 325 до 375 година. Тогашни непријатели на Православието биле аријанците, кои биле следбеници на александрискиот свештеник Ариј од Египет, кој богохулно го понижувал божественото достоинство на нашиот Спасител Христос. „Христос не е Бог, – говореле аријанците, – туку посебна и повисока од Бога создадена творба. Христос не е едносуштен со Бог Отец и Нему не е потребно да Му се поклонуваме како на Бог“. Иако оваа ариева ерес била осудена уште на Првиот вселенски собор во 325 година во градот Никеја од царот Константин и сите православни епископи кои биле собрани таму, а самиот Ариј бил осуден на прогонство, сепак, голем број од неговите следбеници продолжиле да дејствуваат. По извесен период од осудувањето на оваа ерес, следбениците на Ариј, со разни итроштини успеале да го Continue reading

Преподобен Антониј Велики

299377_st-anthony-the-greatПРЕПОДОБЕН АНТОНИЈ ВЕЛИКИ

„Со воздржание и цврсто трпение си го посрамил противоборецот и непријателот, и целата негова гордост…“

(Од вториот седален на Утрената)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

„Во историјата на православното монаштво, со својот живот засветлиле многу водачи, но ненадминлив раководител во исполнувањето на подвижничките правила бил сефалниот Антониј“. Со овие зборови, бла­жениот Теодорит се обидувал да ни го опише духовното богатство, кое се криело во пустините уште за време на својот земен живот, преподобниот Антониј, наречен уште и Велики, заради големата светост на својот живот. Со длабоко почитување и со благоговение за него говореле уште и блажениот Августин, и свети Јован Златоуст, но и неговиот современик и пријател на преподобниот – свети Атанасиј Велики. А, пак, еден руски подвижник, кој се удостоил да ги посети местата во пустината каде што се подвизувал преподоб­ниот, запишал: „Павле Тивејски и Антониј Египетски за Христовата Црква се она, што за Египет се пирамидите“.

Многу време е потребно за да се изложи поучниот ангелоподобен живот на овој голем подвижник. Денес ќе имаме можност да се потсетиме на еден расказ, кој доволно сведочи за ангелскиот живот на преподобниот, како и за однесувањето кон него од ангелскиот невидлив свет. „Великиот меѓу сите совршени отци, Антониј прозорливиот, кој поминал низ сите бесовски искушенија, имаше можност честопати со своите телесни очи да ги гледа ангелите и бесовите, како се борат за придобивка на човечките души, трудејќи се да го насочат човекот секој на својата страна. Тој беше толку велик и висок во своите добродетели, та дури можеше да им досадува и да им се потсмева на нечистите духови, многупати и натажувајќи ги заради нивниот пад од небото и заради осудата дека ќе бидат во вечните маки“. Вака го започнува расказот за свети Антониј Велики, големиот руски подвижник свети Димитриј Ростовски, во еден свој древен Отечник. И, ете, еднаш, се вели во Отечникот, два беса се советувале меѓу себе за својата судбина. Едниот од нив го прашал другиот, кој се викал Зерефер: „Што мислиш, ќе ни прости ли Господ нам, ако се обидеме да се покаеме?“. „А да го прашаме за ова Антониј, одговорил Зерефер, тој од нас не се плаши и можеби ќе ни даде некаков одговор“. „Па, тогаш оди ти прашај го, му одговорил собеседникот на Зерефер, но внимавај, зашто тој Continue reading

Молитвата за почетници и нејзиниот дух (01)

83188МОЛИТВАТА ЗА ПОЧЕТНИЦИ И НЕЈЗИНИОТ ДУХ (01)

Овде се изложува учењето за особините на молитвата која му е својствена на оној, кој почнува да оди кон Господа по патот на покајанието. Главните мисли се изложени секоја посебно, со цел да можат да се читаат со поголемо внимание и полесно да се памтат. Нивното читање, хранејќи го умот со вистина, а срцето со смирение, на душата може да ѝ го даде потребното насочување во нејзиниот молитвен подвиг и да послужи како подготвително занимање за тој подвиг

1) Молитвата е вознесување на нашите моленија кон Бог.

2) Основата на молитвата се состои во тоа, дека човекот е паднато битие. Тој тежнее кон стекнување на блаженството коешто го имал, но го загубил, и затоа се моли.

3) Засолништето на молитвата е  во големото Божјо милосрдие кон човечкиот род. Синот Божји заради наше спасение се принесе Себе на милостивна и помирувачка  жртва на Отецот; врз основа на тоа, ако сакаш да се занимаваш со молитва, отфрли го сомнежот и дводушноста (Јаков 1: 6-8). Немој на себе да си кажеш: „Јас сум грешник. Зарем Бог мене ќе ме слуша?“ Ако си грешник, тогаш на тебе се однесуваат утешните зборови на Спасителот: „Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание“ (Матеј 9: 13).

4) Како подготовка за молитва служат: стомакот кој не е заситен, отсекување на грижите со мечот на верата, искрено и од срце простување на сите навреди, благодарење на Бог за сите неволји во животот, оддалечување на расеаноста и фантазиите од себе, побожен страв кој му е својствен на созданието, кога по неискажливата благост на Создателот кон творевината, му биде дозволено да беседи со својот Создател.

5) Првите зборови на Спасителот упатени кон паднатиот човечки род биле: Continue reading

Преподобен Гаврил Лесновски

ib641ПРЕПОДОБЕН ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

„Си Го возљубил Христа искрено над сè, и украсувајќи се со кротост, смирение и трпение, целиот свој земен живот си му го подарил Нему…“

(Од Тропарот на светителот)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Времето во кое живеел денешниот славеник, преподобниот Гаврил Лесновски, претставува нова ера во историјата на македонското монаштво, не само заради тоа што постепено започнал да расте бројот на македонските монаси, туку и заради тоа што дошло до безгранично зголемување на бројот на манастирите. Појавата на автохтоното македонско монаштво е од големо значење, зашто тоа во основа се разликува од елинското монаштво, кое дотогаш преовладувало на овие простори, зашто ова монаштво е еремитско, односно, самотно, пустинско. Токму таков монах, пустиножител, бил и преподобниот Гаврил Лесновски, кој според житието, бил син на благородни и богати родители. Неговите родители овозможиле тој да изучи училиште, а кога пораснал, свети Гаврил заминал во манастир, каде што се замонашил. По извесно време, самиот основал нов манастир, посветен на „Свети Архангел Михаил“, каде што формирал ново монашко братство, поставил игумен и го разделил целиот свој имот, кој го наследил од родителите, а самиот тој заминал  во планина, каде што се повлекол во молчание и осаменост. Откако аскетувал околу 30 години по разни места околу Лесновскиот манастир, тој мирно ја предал својата душа во рацете на Бога, во една пештера, во близина на манастирот. На чуден начин, неговите нераспаднати мошти биле пронајдени од некој монах од Софија, по име Јосиф, кој заедно со софискиот митрополит и мноштво на монаси, ги зеле моштите со секаква почит, па најпрво ги однесле во Лесновскиот манастир, а потоа во бугарскиот град Трапезир, каде што се наоѓаат до денешен ден и им даваат помош на сите оние, кои со вера им пристапуваат.

Човекот, како разумно и слободно суштество, својствено и потребно е секогаш да дејствува расудително, разумно, секое свое дело да го насочува кон добра и богоугодна цел, да користи разумни средства за достигнување на своите цели, особено, ако тие цели се за спасение на својата душа и достигнување на вечен живот. Ако го следиме вистинскиот пат, кој води до вистинската цел, тогаш навистина во животот ќе имаме сè, но ако се отстраниме од тој пат и ако заталкаме, тогаш не само што нема да имаме ништо, туку ќе го загубиме и она што дотогаш сме го стекнале. Ако забегаме од вистинската цел и ако почнеме да тежнееме кон земни цели и наслади, тогаш Continue reading

Гласната, телесна молитва

83167ГЛАСНАТА, ТЕЛЕСНА МОЛИТВА

Кој постојано и побожно се занимава со внимателна молитва, произнесувајќи ги нејзините зборови громогласно или со шепот, според потребата, затворајќи го умот во зборовите, кој на молитвениот подвиг постојано ги отфрла сите помисли и фантазии, не само гревовните и суетните, туку и навидум добрите – нему милосрдниот Господ, кога ќе дојде време, ќе му подари умна, срдечна и душевна молитва.

Усното и гласно молење е плодоносно кога е проследено со внимание, што се среќава многу ретко, бидејќи на внимание се учиме првенствено за време на занимавањето со Исусовата молитва.

Никој, кој сака да напредува во молитвата да не се осмелува лекомислено да суди за онаа молитва која се произнесува со уста и гласно со внимание на умот, како за безначајна работа, која не заслужува почит. Ако Светите Отци зборуваат за бесплодност на усната и гласна молитва, не треба да се заклучува од тоа дека тие ја отфрлале или презирале. Не! Тие кај оваа молитва само бараат внимание. Внимателната усна и гласна молитва е почеток и причина за умната. Внимателната усна и гласна молитва, воедно е и умна молитва. Да научиме најпрво внимателно да се молиме со усна и гласна молитва, па тогаш лесно ќе научиме да се молиме и само со умот, во безмолвието на внатрешната одаја.

Преподобен Нил Сорски вели дека оној, кој се моли гласно и усно без внимание – се моли во Continue reading

Триесет и прва Недела по Педесетница

duch nieczystyТРИЕСЕТ И ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“

(Лука 18: 38)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Светлината како поим отсекогаш го привлекувала вниманието на човекот низ сите времиња и кај сите народи. Затоа таа опфаќа едно големо поглавје во изучувањето на човечката духовност, а култот на светлината зазема значајно место во историјата на религијата.

Колку е тешка и мрачна состојбата на оној човек, кој, по Божја промисла, нема можност да ја здогледа светлината од овој свет и на истата да се радува. Токму таков случај ни беше опишан во денешното Евангелие, кога Спасителот Христос одејќи кон Ерихон, поминал покрај еден слеп човек, кој седел покрај патот и просел. Чувствувајќи дека покрај него поминува Оној, Кој има сила и мртви да воскреснува, слепецот на цел глас извикал: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“, со една и единствена желба: „Господи, да прогледам!“. На овој негов искрен и срдечен повик, Семожниот Бог кратко и јасно му одговорил: „Прогледај! Верата твоја те спаси!“.

Штом се најде во опасност, секое живо суштество на земјава бара помош. Малото дете кога покрај себе нема да го здогледа мајчиното лице веднаш почнува да плаче и да ја бара својата закрила. Патникот, кога ќе го загуби вистинскиот правец и ќе тргне во непозната насока, веднаш бара помош и го бара вистинскиот пат. Болниот, кога се наоѓа во ужасни маки, бара помош од било кого, сè со цел да најде утеха за својата болест. Впрочем, секоја од нас бара помош од некого, но најмногу, сите заедно, бараме помош од Бога. А помошта ја бараме затоа што длабоко потонавме во гревот, кој е причина за секое зло што ни се случува, но и за самата смрт, која ни се даде како плата за гревот. И денешниот слеп човек, кој собра храброст да повика кон Господа за помош, ја чувствуваше последицата од гревот, а таа беше Continue reading

Молитвата (03)

83126МОЛИТВАТА (03)

Светите Отци рекле дека на човекот кој се занимава со внимателна молитва ѓаволот особено му завидува и испраќа на него разни искушенија. Ова не се случува без Божја промисла, заради наша вистинска корист, затоа искушенијата на ѓаволот треба да ги поднесуваме трпеливо, предавајќи ѝ се на волјата Божја. Отците исто така рекле: „Помолувајќи се како што треба, очекувај го спротивното”. Тоа значи: по внимателната молитва, кога ќе ни се даде обилно умиление, секогаш се случува некое вознемирување или искушение. Од вознемирувањето треба да се пазиме, т.е. да го отфрламе кога ќе дојде, а на тоа што доаѓа не треба да се чудиме“.

Оди пред Бога по духовниот пат со простота. Знај дека си заразен со грев, дека твојата огревовеност природно треба да се огледува во сите твои дела, затоа молитвено плачи пред Бога и тоа е сè. Бог никако не е мачител, како што ти се присторило, туку воспитувач. Он понекогаш за утеха испраќа благодатни чувства, а понекогаш, заради смирение им дозволува на страстите да се вознемират и човекот да биде подложен на напад од духови – и едното и другото го прави по голема милост кон нас, со цел, тоа да ни биде од вистинска корист.

Умилението и љубов кон ближните, кои сите, без исклучок, изгледаат како Ангели, се плодови на вистинската молитва. А искушенијата на кои се наидува, унинието и сонот, служат како докази колку ни е корисна молитвата.

Општо правило за сите кои се занимаваат со молитва: да се заклучи умот во зборовите на молитвата, т.е. да се моли со внимание. Она што е душата за телото, тоа е вниманието за молитвата: без внимание таа е мртва, нема никакво значење. И за време на молењето со Исусовата молитва и за време на читањето на акатистот и другите молитвословија треба да се Continue reading

Молитвата (02)

83117МОЛИТВАТА (02)

Возвишена состојба е – чувството на Божјото присуство! Со него умот се задржува да не се впушти во беседа со туѓите помисли, кои ѝ пречат на молитвата; со тоа чувство обилно се чувствува човековата ништожност; со него човекот особено внимава на себе и се пази од прегрешенија, дури и од најмали. Чувство на присуство Божјо дава внимателната молитва. Во стекнувањето на тоа чувство многу помага и побожното стоење пред светите икони.

Кај подвижниците во молитвата напредок најпрво почнува да се пројавува преку посебното дејство на вниманието: од време на време вниманието неочекувано го опфаќа неговиот ум и ги заклучува зборовите на молитвата во него. Потоа, таа станува многу попостојана и подолготрајна: умот како да се прилепува за зборовите на молитвата, привлечен од нив на соединување со срцето. Конечно, со вниманието одненадеж се соединува умилението и го прави човекот храм на молитвата, храм Божји.

Принесувај Му на Бог тивки и смирени молитви, а не пламени и страствени. Кога ќе станеш таинствен свештенослужител на молитвата, тогаш ќе влезеш во Божјата скинија и оттаму молитвената кадилница ќе ја наполниш со свештен оган. Нечист оган – слепо, материјално распалување на крвта е забрането да се принесува пред сесветиот Бог.

Во молитвата не барај наслади: тие никако не му се својствени на грешникот. Уште и самата желба на грешникот да почувствува наслада претставува самоизмама. Барај да го оживее твоето мртво, скаменето срце и да се отвори, за да ја почувствува својата огревовеност, својот пад, својата  Continue reading

Телевизијата

tv_generalТЕЛЕВИЗИЈАТА

Веројатно е дека денес телевизијата, не само што е највлијателен медиум, туку е и медиум кој сам по себе најдобро ја означува западната цивилизација, од која, сакале ние или не, постанавме дел.

Современите православни мислители и богослови, воглавно се збунети пред очигледната моќ, која телевизијата ја има над неверните, но и над православните. Најрадикалните препорачуваат, едноставно, да ги исфрлиме телевизорите низ прозорци; други – да ги продадеме; трети – да ги исклучуваме и сосема ретко да ги вклучуваме, во строго контролирани услови. Повеќе или помалку, сите тие се сложуваат дека влијанието од интензивното следење на ТВ-програмите е штетно, но, воглавно, истите тие тешко се одлучуваат самиот телевизор, како човечки изум, да го прогласат за лош и штетен.

Почетокот на процесот, чиј привремен завршеток е појавата на телевизијата (веројатно процесот сеуште не е завршен), допира во времето на ренесансата. Во западниот дел од христијанскиот свет, привидно победеното паганство ја подигнало главата. Духовното гледање на светот, симболично оцртано на иконите и фреските, постанува пречка за хаотично нервозната желба на човекот да загосподари со светот, но не на начин кој Бог му го понудил, туку на начин кој ги одвоил нашите прародители од Бога.

Луѓето на ренесансата врз сè што е создадено не гледаат како на Божји дар, кој човекот може и треба да го врати на Бога; не гледаат на светот како на учебник, преку кој лесно можат да заедничарат со својот небесен Отец. Со сета своја сила, луѓето на ренесансата се враќаат на заблудата на прародителите – лакомо го грабаат минливиот свет како своја Continue reading

Молитвата (01)

83085МОЛИТВАТА (01)

Пат кон Бога е – молитвата. Етапите на патот кој се поминува се разните молитвени состојби, во кои постепено влегува оној, кој правилно и постојано се моли.

Молитвата е – учество во животот. Нејзиното оставање на душата ѝ донесува невидлива смрт.

Она што е воздухот за животот на телото, тоа е Светиот Дух за душата. Душата со помош на молитвата го дише тој свет, таинствен воздух.

Кога ќе станеш од спиење, твојата прва мисла нека биде за Бог; принеси Му го на Бог почетокот на твоите мисли, кои сеуште не се обележани со никаков суетен впечаток. Кога заминуваш на почивка, кога се подготвуваш за потопување во таа слика на смртта, твоите последни мисли нека бидат за вечноста и за Бог, Кој царува во неа.

Ангел на еден свет монах му го открил следниот поредок на мислите на молитва, кој му е угоден на Бог: „Почетокот на молитвата треба да се состои од славословие на Бог, од благодарење за Неговите безбројни добродетелства; потоа сме должни, во покајание на духот, да Му принесеме на Бог искрено исповедување на нашите гревови; на крајот можеме да ги изнесеме пред Господа, секако со големо смирение, молењата за нашите душевни и телесни потреби, побожно препуштајќи го исполнувањето или неисполнувањето на тие молења на Неговата волја“.

„Сè што ќе побарате во молитвата, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде“ (Марко 11: 24), – објавил Господ. Затоа, отфрлајќи го секој сомнеж и дволичност, неотстапно престојувај со молитва во Господа, Кој ни заповедал секогаш да се молиме и да не Continue reading