Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (V)

45-manasses-chronicleВЕРАТА ВО „СИЛИТЕ“ – ГЛАВЕН БЕЛЕГ ВО АКТИВНОСТА НА ВАНЃА КАКО ВРАЖАЧКА И ГЛЕДАЧКА (V)

Што препишуваат светите канони на Црквата во однос на луѓето кои што комуницираат со нечисти сили

Истражувајќи ги правилата на Христовата Црква, да обрнеме внимание дека епитимии се налагаат не само на самите вражачки, гледачки, волшебници и на останатите директни служители на демоните (како Ванѓа), но и на оние обични луѓе кои „само” се обратиле кон нив за информации или друг вид на „духовна” помош. Човек кој се обратил кон услугите на волшебник, е еднаков со убиец (види: 72 правило на свети Василиј Велики). Тоа е така, зашто светите отци ја гледаат најголемата опасност од духовно заведување и решително сакаат да ги заштитат христијаните од бесовско сквернавење. Еве и некои од правилата:

61 правило на Четвртиот Вселенски Собор: „Оние, кои се обраќаат кон волшебници за да дознаат од нив, дали ќе им откријат нешто што сакаат, по силата на претходните дефиниции на отците за нив, нека подлежат на 6-годишно покајание. На истата казна треба да се подложат и т.н. гледачи и бајачи. Оние, пак, кои опстојуваат во тоа и не сакаат да се одвратат и отстапат од слични штетни и пагански измислици, пропишуваме да се изгонуваат од Црквата, како што и светите правила заповедуваат, бидејќи ‘што општо има светлината со темнината?’, вели апостолот. Или ‘Каква сличност има храмот Божји со идолите?’. Или ‘Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар?’“ (2 Кор. 6: 14-16).

72 правило од свети Василиј Велики: „Кој се предал на „волхователи” или слични на нив, нека биде под казна онолку време колку и убиец”.

3 правило од свети Григориј Ниски: „А оние кои одат кај маѓепсници или бајачи, или кај оние кои ветуваат дека преку демоните… ќе ги заштитат од штета, треба грижливо да бидат испитани и тестирани, дали, останувајќи во верата во Христа, биле вклучени во таков грев како последица на некаква несреќа или сериозна загуба, или пак прибегнале кон помош на демоните целосно презирајќи го исповедањето на верата што сме им го довериле.” Ова правило ги осудува последните како вистински отстапници од Христа (вероотстапници), а кон Continue reading

Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (IV)

vstat-post-idet-tserkovnye-kanony-protiv-sovremennyh-realiyВЕРАТА ВО „СИЛИТЕ“ – ГЛАВЕН БЕЛЕГ ВО АКТИВНОСТА НА ВАНЃА КАКО ВРАЖАЧКА И ГЛЕДАЧКА (IV)

Сведоштва од Светото Предание: Што советуваат светите отци за усвојување на слики и што препишуваат каноните на Црквата во однос на луѓе кои комуницираат со нечисти сили.

Во суштина нема разлика помеѓу зборовите на Светото Писмо и учењето на светите отци, бидејќи изворот им е ист – Бог. Благодатта на Светиот Дух дејствувала врз светите Отци и Апостолите и им ги разјаснила сите вечни вистини, неопходни за нашето спасение. Затоа, токму со помош на светоотечкото учење можеме спасително и непречено да се приближуваме кон вистинска смисла на некои потешки места за разбирање од Светото Писмо.

Ќе се сопреме главно на оние светоотечки текстови, кои јасно сведочат дека сознателното гледање на суштества од невидливиот свет е духовно опасно и често води до манифестација на болна мистика и прелест. Така, не само што ќе се разбере подобро „феноменот Ванѓа”, но ќе си помогнеме и себеси, стекнувајќи поцелосно разбирање за некои опасности од духовна природа.

Свети Григориј Синаит кажува: „Ти, надевајќи се да бидеш со Бога, никогаш не прифаќај ако видиш нешто сетилно или духовно, надвор или внатре, та дури тоа да биде и образот на Христа, или на Ангел, или на некој светец. Но, пази го умот подалеку од секакви слики, виденија или образи. …Бог нема да се налути на оној, кој целосно внимава над себеси, ако тој, поради страв да не западне во прелест, не го прифати она што е од Него, без потребното тестирање, но повеќе го пофалува како мудар…”

Свети Симеон Нов Богослов исто предупредува за опасноста од прифаќање на образи и слушање на гласови: „…Се опрелестуваат и оние кои гледаат светлина со телесните очи, чувствуваат мириси со мирисот, слушаат гласови со своите уши и друго слично. Некои од нив полудуваат и во безумие одат од место до место. Други се Continue reading

Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (III)

t0H_ru0P4ccВЕРАТА ВО „СИЛИТЕ“ – ГЛАВЕН БЕЛЕГ ВО АКТИВНОСТА НА ВАНЃА КАКО ВРАЖАЧКА И ГЛЕДАЧКА (III)

Сведоштва од Новиот Завет за нечистите духови и нивните лукави манифестации во видливиот свет

Во Новиот Завет има многу текстови, кои ги опишуваат активностите на сатаната и паднатите духови или пак се опишуваат случаи на изгонување на бесови од страна на Господа Исуса Христа и од страна на светите апостоли. Но, ние ќе се запреме само на оние места од Светото Писмо, кои директно или индиректно може да ни помогнат подобро да се разбере дејноста на Ванѓа. Ајде повторно да се потсетиме на зборовите на свети апостол Павле: „И не е за чудење: бидејќи самиот сатана се преобразува во ангел на светлината;” (2 Кор. 11: 14), за да го заведе човекот. Тоа е недвосмислено предупредување лека во духовниот свет не е се толку јасно и едноставно како што изгледа. Исто така, би требало веќе да разбереме дека демоните не се некаква „метафора” за човечките страсти, како што некои наши современици мислат, туку реално постоечки суштества, со кои водиме (или ни претстои да водиме) вистинска духовна битка. Драгоцено предупредување за сериозноста на оваа битка се и зборовите на свети апостол Павле: „Оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.” (Ефес. 6: 12).

Во врска со предвидувањата на Ванѓа и кој е нивниот извор, особено познат е случајот со свети апостол Павле, кој со Божјата сила еднаш избркал „дух на предвидување” од една слугинка, иако во овој случај, духот ја кажал самата вистина: „Овие луѓе се слуги на Севиитиот Бог, што ви го соопштуваат патот на спасението.” (Дела 16: 16-18). Оваа слугинка носела голем профит на своите господари со врачањето, и непосредно, поради протерувањето на овој нечист дух, апостолите Павле и Сила претрпеле жесток бој, па дури и прогонство. Но, како што наведуваат светите отци, свети апостол Павле не сакал да се користат услугите на бесовите, зашто такви услуги последователно се Continue reading

Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (II)

witch-of-endor-samuel-appearsВЕРАТА ВО „СИЛИТЕ“ – ГЛАВЕН БЕЛЕГ ВО АКТИВНОСТА НА ВАНЃА КАКО ВРАЖАЧКА И ГЛЕДАЧКА (II)

Сведоштва од Стариот Завет во врска со оние што говорат со „мртовци”

Кога Евреите се приближуваат до границите на земјата Хананска (по бегството од Египет, околу 1200-1300 година пред Христа), Бог преку пророкот Мојсеј го предупредува народот на следниов начин:

„Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. (Второзак. 18: 9-14).

Овој текст е доволно јасен и нема потреба од дополнителни толкувања. Да повториме уште еднаш дека, Бог е толку категоричен во однос на овие „феномени”, бидејќи комуникацијата со бесови (под вид на мртовци) е погубна за човечката душа. Феномени како горенаведените пророкот не ги нарекува поинаку освен гадотии пред Господа, и на нив тој го оддава распадот на хананските држави.

Но, знаејќи дека горното предупредување само по себе не ќе биде во сила да ги одврати оние што се предале на секакви пагански „феномени”, еврејскиот народ, кој при тоа бил веќе запознат со овие феномени уште од Египет, Бог преку Мојсеј издал строги закони, кои предвидуваат дури и смртна казна (убиство со камења) на оние кои се Continue reading

Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (I)

Vanga_posterRusВЕРАТА ВО „СИЛИТЕ“ – ГЛАВЕН БЕЛЕГ ВО АКТИВНОСТА НА ВАНЃА КАКО ВРАЖАЧКА И ГЛЕДАЧКА (I)

Анализа на нејзините активности од гледна точка на Светото Писмо и Светото Предание

Светото Писмо и светите Отци спомнуваат само за два извори на нашето знаење за невидливиот духовен свет: божествен и демонски. За трет извор не се спомнува. Всушност, како што веќе рековме погоре, современите истражувања за присуство на сопствени парапсихички способности кај човекот, исто така го потврдуваат тоа христијанско учење: „Десетици милиони долари биле потрошени за истражувања во оваа област и никогаш немало веродостојна демонстрација на парапсихичка сила што потекнува од самиот човек”.

Ванѓа, исто така, никогаш не тврдела дека таа самата е причината или изворот на нејзините претскажувања; напротив, таа често и отворено зборувала за општењето со „силите“, така што после сличните „општувања“ таа не се сеќавала на ништо од тоа што се случило и се чувствувала отпадната и уморна. Од неа речиси ништо не зависело, „силите“ ја „посетувале“ кога ќе посакаат и целосно ја контролирале. Условно кажано, Ванѓа била еден човечки радиоприемник на туѓа радиостаница.

Последователна потврда за горенаведеното се зборовите на нејзината внука Красимира Стојанова:

„Бев 16-годишна кога еднаш во нашата куќа во Петрич, Ванѓа ми проговори. Само тоа не беше нејзиниот глас, не беше дури ни таа, а некој „друг” човек кој зборуваше преку нејзината уста. Зборовите кои ги чув, немаа ништо заедничко со разговорот, кој го водеше пред тоа, сеедно како некакво друго лице да интервенира меѓу нас. Слушнав: „Еве, ние те гледаме…”, и после ми беше раскажано со детали сѐ што сум правела во текот на денот до тој момент. Се скаменив од страв. Малку потоа Ванѓа воздивна и рече: „Уф, ме пуштија силите” …Ја прашав зошто така ми го Continue reading

Кој е изворот на „дарба” кај лажната пророчица Ванѓа? (III)

Vanga_monument_in_RupiteКОЈ Е ИЗВОРОТ НА „ДАРБА“ КАЈ ЛАЖНАТА ПРОРОЧИЦА ВАНЃА? (III)

Еден од знаците за крајот на овој земен свет е дека времето сѐ повеќе ќе го забрзува својот тек, а ѓаволот сѐ повеќе ќе го засилува својот бес, знаејќи дека му останува малку време (Откр. 12: 12). Во претсмртните пророштва на свети Нил Мироточиви од 1817 година читаме дека „денот ќе поминува како еден час неделата – како ден, месецот – како недела и годината – како месец”, а природните стихии исто така ќе се изменат и ќе го забрзаат својот нормален ритам.67 Сметаме дека ова во одреден степен веќе почнало да се случува. Но, од каде потекнува оваа се позасилена јарост со која демоните се стремат да го погубат човекот? Што добиваат бесовите од тоа? Еве каков ценет одговор на ова прашање наоѓаме во духовната книга „Евергетинос”:

„Бидејќи немаат можност директно да го нападнат Бога, злите духови Го напаѓаат во Неговите созданија, особено во човекот, кој единствен е создаден по Негов лик и подобие. Тие (злите духови) доживуваат огромно пеколно задоволство да го осквернат овој лик и да го одземат од Создателот она создание, кон кое Тој пројавува неизмерна љубов. Православниот христијанин треба да знае дека злобниот дух, кој не е способен за ништо добро, доживува необјасниво задоволство кога може да придобие соучесници во своите злосторства (преку своите непрестајни обиди да ја приклони слободната човечка волја кон грев), така што неговите соучесници со него ќе ја делат и Continue reading

Кој е изворот на „дарба” кај лажната пророчица Ванѓа? (II)

1024px-Vanga's-House-InteriorКОЈ Е ИЗВОРОТ НА „ДАРБА“ КАЈ ЛАЖНАТА ПРОРОЧИЦА ВАНЃА? (II)

Во последните децении насекаде во светот се зголемуваат случаите на окултни феномени и тоа е загрижувачки знак за духовното здравје на човештвото, кое се испоставува сѐ поранливо на демонско влијание. Според статистиката, само за 5 години во Русија (од 1990-1995 година) се појавиле 300 000 екстрасенси, исцелители и волшебници. И не станува така само во Русија, ами и во целиот свет. Можеби повеќето наши современици ги слушнале имињата на Едгар Кејси, В. Гелер, Џуна Давиташвили, А. Кашпировски, Џ. Диксон, А. Чумак, Ју. Лонг, Д. Коперфилд итн. Некои од нив се „специјализирани” во исцелување, други „пророкуваат”, трети контактираат со „вонземјани”, а има и такви кои „скромно” ја преферираат сферата на масовните забави. А, за да покажеме дека случаи на ненадејна појава на „феноменални” способности како Ванѓините не се единствени, ќе приведеме неколку примери кои многу личат на бугарскиот „феномен”.

Во книгата „Од што сакаат да нѐ ‘спасат’ НЛО, екстрасен сите, окултистите и волшебниците” (2001), издадена со благослов на претходниот руски патријарх Алексеј II, има опис на интересен разговор одржан во текот на летото на 1990 година меѓу руски свештеник и 34-годишен екстрасенс, кој ненадејно видел НЛО, а потоа почувствувал дека може да лекува луѓе, ако само ја стави раката над болното место. Еве и дел од разговорот:

„Во почетокот забележав дека само да помислам нешто и тоа веднаш станува реалност. На пример, додека нѐ води придружбата на работа, одеднаш во мене се појавува мисла: „Еј, сега овој ќе се сопне”. И навистина, придружникот, кого го гледам, се попречува и паѓа. Во друг случај: „Началникот ќе се разболи.” И всушност, тој заболува. Сето ова продолжуваше ден по ден, па блиските почнаа да ме сметаат едвај не за пророк. Потоа, непознато од каде и од каква причина, кај мене се појави чувство дека, ако ја ставам раката над болното место, на човек ќе му стане подобро. Така и се случи.

Сега имам свој кабинет во поликлиника и немам време за одмор од пациенти. Парите сами се расфрлуваат и Continue reading

Кој е изворот на „дарба” кај лажната пророчица Ванѓа? (I)

1024px-Vanga's-House-RupiteКОЈ Е ИЗВОРОТ НА „ДАРБА“ КАЈ ЛАЖНАТА ПРОРОЧИЦА ВАНЃА? (I)

Особено важно е да добиеме точен одговор на прашањето, кој е изворот на необичните способности кај Ванѓа?

Ќе започнеме со разгледување на информациите добиени од човекот кој поминал (можеби) најмногу време со неа – Красимира Стојанова, внука на Ванѓа и искрена нејзина поклоничка, а потоа ќе разгледаме и други важни сведоштва. Прво, ќе цитираме текст од книгата „Ванѓа“, што претставува детален опис на суштествата, со кои комуницира „пророчицата” и од кои Ванѓа ја црпи целата необична информација (интересно е и тоа како г-ѓа Стојанова неубедливо се обидува да прикрие некои незгодни вистини, кои самата Ванѓа јасно ги соопштува):

„Какви се овие суштества кои комуницираат со Ванѓа и често го населуваат нејзиниот дом? Според неа, меѓу нив постои некаква хиерархија, бидејќи има „претпоставени” кои доаѓаат поретко и обично кога треба да известуваат за ексклузивни настани или претстојат големи катаклизми.

Тогаш Ванѓа пребледува, паѓа во несвест и од устата нејзина почнува да излегува глас, кој нема никаква врска со нејзиниот. Тој е многу силен и со сосема поинаква боја. Зборовите и речениците кои изле1уваат од нејзината уста немаат ништо заедничко со зборовите кои Ванѓа ги употребува во секојдневниот речник. Речиси како да е некој туѓ разум, некаква туѓа совест да се вселува во неа, за да соопшти преку нејзината уста судбоносни настани за луѓето.

За овие суштества, со кои комуницира, таа најчесто ги користи термините „голема сила” или „голем дух”, но тоа не треба да ги предизвикува нашите скептични насмевки; овие називи треба да се прифаќаат сосема условно. Всушност, ние сеуште немаме дури термини за нив.1 Само таа си одбрала зборови, кои се најблиски до нејзините концепти и сфаќања.

Овој „глас” кој ѝ пренесува, исто така треба да се прифати условно. Тој звучи во неа самата, „во мојата глава”, како што вели Ванѓа, а таа го разбира и му одговара мисловно. Како се случува тоа, таа самата не може да објасни, но Continue reading

Ванѓа и Државната сигурност

vangaВАНЃА И ДРЖАВНАТА СИГУРНОСТ

Признавање и заштита од атеистичката власт

При толку многу луѓе кои секојдневно ја посетувале Ванѓа, било само прашање на време кога Комитетот за Државна сигурност сериозно ќе се заинтересира за „феноменот” Ванѓа.

Овие контакти не биле еднозначни. На почетокот од Државна сигурност се однесуваат со сомнеж и недоверба кон Ванѓините дарби, но потоа, разбирајќи за многубројните можности кои би им се откриле од меѓусебната „соработка”, ја земаат под своја закрила.

„Ванѓа била третирана како човек кој шири суеверија, кој верува во Бога, гледа… Сето тоа не им се допаѓа на комунистите, бидејќи противоречи на нивниот атеизам… Во подоцнежните години во 1966/67 година, на локалната радиостаница постојано ја исмеајуваа, емитуваа материјали против неа, по весниците ја цртаат како баба Рога – со метла, со цигаре, со црна мачка… Независно од сето тоа сепак нејзината слава растеше… Луѓето ја посетуваа – од цела Бугарија, од соседните држави, дури и од Америка, Канада, Франција Англија… Комунистите разбираат дека тоа не може да се запре… И ставија влезници… Секој кој одеше кај Ванѓа, плаќаше влез 10 лева, а странците – двојно и повеќе… Таа примаше во просек 80 до 100 лица на ден… Замислете какви приходи Ванѓа носеше на Continue reading

Биографија на лажната пророчица Ванѓа

24_1БИОГРАФИЈА НА ЛАЖНАТА ПРОРОЧИЦА ВАНЃА (1911-1996)

„Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш.” (Лев. 19:31)

Вангелија (Ванѓа) е родена на 31 јануари 1911 година во градот Струмица во Македонија. Нејзините родители, Панде Сурчев и Параскева, биле ситни земјоделци. Ванѓа имала само три години, кога нејзината мајка починала при раѓањето на второто дете, во 1914 година. Поради тешките години и таквите околности Ванѓа уште од раното детство била научена на трудољубие, што го сочувала и до самата смрт.

Малку по завршувањето на Првата светска војна, околу 1919 година, нејзиниот татко Панде се оженил по втор пат, за Танка Георгиева, од која имал уште три деца (Васил, Томе и Љубка). При раѓањето на четвртото дете, и Танка, втората сопруга, починала, во 1928 година.

Кога Ванѓа била на 12 години, во текот на 1923 година преживеала настан, кој целосно го изменил нејзин понатамошен живот. Еднаш, додека одела кон селото, заедно со двете свои братучетки, страшен ураган ја кренал во воздухот и ја однел далеку во полето. 1) Ја пронашле во една нива, покриена со прав, камења и гранки. Била како полудена од страв, но најстрашното било тоа што почувствувала силна болка во очите, така што воопшто не можела да ги отвори. Се обратиле кон „бајачки и гледачки, та ѝ давале баена и осветена вода”, и правеле компресии, ја мачкале со мелеми, но и тие не донеле олеснување. Наскоро Ванѓа целосно ослепела.

Кога имала 14 години, Ванѓа била примена во Домот за слепи лица во градот Земун (Србија), 1925 година. Таму таа научила да шие и да плете, да чита на Брајова азбука, да чисти, да готви и да свири на пијано. Овие години биле Continue reading