Паднатата природа

86617ПАДНАТАТА ПРИРОДА

Во паднатата човечка природа доброто е помешано со злото. Злото, кое влегло во човекот, толку се измешало и се слеало со природното човеково добро, што природното добро никако не може да дејствува одделено, без истовремено дејствување на злото. Човекот е затруен со пробување на гревови, т.е. со искуственото познание на злото. Отровот проникнал во сите делови од неговото тело, во сите сили и својства на неговата душа: со болест на гревот се погодени и телото, и срцето, и умот. Погубно залажувајќи се себеси, паднатите луѓе својот разум го нарекуваат и го сметаат за здрав. Здравиот разум постоел пред падот; по падот кај сите луѓе, без исклучок, разумот станал лажен и заради спасение мора да биде отфрлен. Светлината на моите очи, ниту таа не е со мене – така Светото Писмо зборува за разумот на паднатата природа. Погубно залажувајќи се себеси, паднатиот човек своето срце го нарекува и го смета за добро; тоа било добро пред падот; по падот, доброто во срцето се измешало со злото и заради спасение мора да биде отфрлено како осквернато. Срцепознателот Бог сите луѓе ги нарекува лукави (Лука 11: 13). Заради гревовната зараза, сè во човекот дошло во состојба на растројство; сè дејствува неправилно; сè дејствува под влијание на лагата и на самозалажувањето. Така дејствува и неговата волја, така дејствуваат сите негови сетила, така дејствуваат сите негови помисли. Залудно паднатиот и слеп човечки род ги нарекува добри, префинети и возвишени! Нашиот пад е длабок; само малку луѓе се сметаат за паднати битија, на кои им е потребен Continue reading

Недела по Крстовден

86604НЕДЕЛА ПО КРСТОВДЕН

„Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“

 (Марко 8: 34) 

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! 

Секое наше тргнување на пат е условено со стигнување до одредена цел. Бесцелно никој не трнува на пат. За полесно да се стигне до посакуваната цел, постојат патокази кои правилно го насочуваат нашето движење. Нам ни преостанува само да ги следиме патоказите, да се раководиме според нив, па вистинската цел ќе биде неизбежна. Доколку, пак, не се раководиме според нив, а почнеме да се движиме според свои сопствени лажни насочувања, тогаш лесно ќе можеме да заталкаме во безизлезни ситуации, во слепи улички, во бескрајни лавиринти, каде што нема излез, а за цел и да не говориме.

Господ денес ни говори за најглавниот пат по кој треба да одиме, при што ни го покажува и единствениот вистински патоказ. Христовиот пат е единствениот пат на животот, зашто сите останати патишта се човечки и несигурни. Во денешново модерно и технички напредно време, луѓето премногу напреднаа во науката, се спуштија до најдлабоките морски длабочини, се издигнаа највисоко колку што можат во вселената, проникнаа во најзапуштените места на земјинава топка, излечија многу тешки болести, но, сепак, сето тоа не ги направи луѓето да бидат посреќни и подобри. Напротив, и понатаму постојат предизвици кои човекот не може да ги одгатне, и понатаму постојат безброј отворени прашања, на кои ограничениот човечки разум не може да даде одговор. Денес треба да сфатиме зошто Господ запрашал: „Каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?“ (Марко 8: 36). Што и да направи човекот, колку многу и да напредува во науката, колку земни предизвици и да совлада, сепак, ако во исто време не ја збогатува својата душа, ако не ја облагородува и не ја осветува, сите тие успеси се бесплодни и суетни. Впрочем, сведоци сме и на фактот дека ништо, што е материјално, не е во состојба да создаде вистинска среќа за човекот, ниту, пак, да го направи самиот човек да биде подобар. Единствено, само преку оживотворувањето на духот преку Божјата правда може во човекот да се Continue reading

Воздвижение…

86520ВОЗДВИЖЕНИЕ… 

„И носејќи го Својот крст, Он излезе на местото, што се вика лобно, а по еврејски голгота; таму Го распнаа“ (Јован 19: 17-18). 

Искуството ни сведочи дека, за да ја сознаеме вистината, особено Божјата вистина, не се доволни само зборови, туку и одредени симболи, како директни и индиректни знаци за тоа соопштување. Честопати се случува, некаков симбол да е појак и поефикасен од самиот збор, со кој сакаме да ја соопштиме некоја вистина. Затоа, во Светото Писмо често најдуваме ваков начин на соопштување на вистината. Еден од најважните симболи, со кој се сретнуваме во животот, е Христовиот Крст.

Затоа, кога се говори за овој празник, во Охридскиот пролог е забележано: „Минувајќи низ Светата земја, благочестивата и рамноапостолна царица Елена одлучила да го побара Крстот, на кој бил распнат Господ Исус Христос. Трагајќи по него, ѝ рекоа дека тука, во близината, живее некој стар Евреин, кој се викал Јуда, и кој знаел каде е местото, каде што Крстот е сокриен. Откако дошол пред царицата, стариот Евреин рекол дека Крстот е закопан под храмот на Венера, на Голгота. Царицата веднаш наредила да се урни овој идолски храм и да се откопаат неговите темели. Така, на голема длабочина, мајсторите откопале три крста. Царицата се загрижила, како ќе препознаат кој е оној крст, кој таа го бара, односно, кој од трите пронајдени крста е оној, на кој Христос бил Continue reading

Божјата Премудрост

86570БОЖЈАТА ПРЕМУДРОСТ

Изучувањето на законот Божји бара трпение. Ова изучување претставува стекнување на сопствената душа: „Со трпение спасувајте си ги душите” (Лука 21: 29). Тоа е наука над науките! Тоа е небесна наука! Тоа е наука која Бог му ја предал на човекот! Нејзините патеки целосно се одделени од вообичаените патеки по кои одат земните науки, човечките науки, науките кои ги родил нашиот паднат разум од својата светлина, за нашата падната состојба. Човечките науки го прават умот горд, тие го возгордејуваат човековото „јас“! Божествената наука ѝ се открива на душата која е подготвена, потресена и измазнета со самоотфрлање и како по своето смирение да се лишила од самостојноста, станувајќи огледало што нема сопствен лик, па затоа е во состојба да ги одржува Божествените линии. Божествена наука е Премудроста Божја, Словото Божјо. За неа синот Сирахов вели: „Мудроста ги издигнува своите синови, ги поткрепува оние што ја бараат. Кој ја сака неа, животот го сака; кој ја бара неа од рано утро – со радост ќе се исполни, Кој ја има – ќе наследи слава; каде и да појде, Господ ќе го благослови. Кои ѝ служат – на Светиот Му служат; кои неа ја сакаат – Господ нив ги милува“ (Сир. 4: 12-15). Таква е Божествената наука! Таква е Божјата Премудрост! Таа е Божјо откровение! Во неа е Бог! Кон неа се пристапува со смирение! Кон неа се Continue reading

Духовната прелест

86539ДУХОВНАТА ПРЕЛЕСТ

Преподобен Григориј Синаит вели: “Воопшто, една е причината за прелест – гордоста”. Во човековата гордост, која претставува самозалажување, ѓаволот си наоѓа удобно пристаниште и ја придодава својата измама на човековата самоизмама. Секој човек, повеќе или помалку е наклонет кон прелест, бидејќи „и најчистата човечка природа има во себе нешто горделиво“ (преподобен Макариј Велики).

Ако… било кој, придвижуван од гордата усрдност, според зборовите на свети Јован Лествичник, бара пред време да добие духовна сладост, или молитвено дејство на срцето, или било кој друг духовен дар, кој ѝ доликува на обновената природа – тој задолжително паѓа во прелест, со било кој облик на молитва да се занимава, со псалмопеење или со молитвата Исусова.

Прелеста е повреда на човечката природа со лаги. Прелест е состојба на сите луѓе, без исклучок, предизвикана од падот на нашите праотци. Сите ние сме во прелест. Свеста за тоа претставува најсигурна заштита од прелеста. Најголема прелест е да се сметаш себеси слободен од прелеста. Сите ние сме измамени, заведени, сите се наоѓаме во лажна состојба, потребно ни е ослободување со вистина. Вистината е нашиот Господ Исус Христос (Јован 8: 32; 14: 6). Да влеземе во таа Вистина со вера во Неа; со молитва да воскликнеме кон Неа и Таа ќе нè извлече од бездната на самоизмама и демонски лаги.

…Како средство за погубување на човечкиот род, паднатиот ангел ја употребил лагата (1. Мој. 3: 13). Од истата причина Господ го нарекол ѓаволот лажец и татко на лагата и човекоубиец од почетокот (Јован 8: 44). Поимот лага Господ тесно го поврзал со поимот човекоубиец, бидејќи последното е неминовна последица на првото. Со зборот од почетокот укажува на тоа дека лагата на ѓаволот од почетокот му послужила како орудие за Continue reading

Прекорите

86518ПРЕКОРИТЕ

„Ако некој те прекори заради она што си го сторил или што не си го сторил, а ти премолчиш, се уподобуваш на Исус; а ако одговараш приговарајќи: Што направив? – тогаш веќе не си сличен на Него; ако возвратиш на ист начин – тогаш воопшто не си Му сличен“ (преподобен Исаија Отшелник).

Пред луѓето треба да се однесуваме внимателно и побожно, но едноставно, и со молчење да одговараме на пофалбите, како и на обвинувањата, освен во случаи кога барањето прошка и потребното умерено објаснување можат да го смират оној, кој нè обвинува и да го измират со нас.

Прејадувањето

overeating2ПРЕЈАДУВАЊЕТО

Свети Јован Лествичник вели: „Кнез на демоните е паднатиот Деница, а кнез на страстите е прејадувањето“.

Врската меѓу човечкото тело и духот заслужува длабоко разгледување и восхитување. Човековиот начин на размислување и чувствата на неговото срце зависат од состојбата во која се наоѓа неговото тело. „Кога стомакот се ограничува – забележал свети Јован Лествичник – се смирува срцето: кога пак, му се удоволува на стомакот, помислите се заразуваат со гордост“. „Душата не може поинаку да дојде до смирение – рекол Пимен Велики – освен со смалување на храната за телото“. Настојникот на некој манастир, го прашал Велики: „Зошто јас во себе не чувствувам страв Божји?“ „Како да чувствуваш страв Божји – одговорил Велики – кога стомакот ти е наполнет со пити и со сирење!“ За време на заситеност на телото, нашето срце не може да не раѓа блудни чувства, а умот – блудни помисли и фантазии, кои со својата сила и привлечност се во состојба да ја изменат и најодлучната добра волја и да ја привлечат на насладување со грев; Затоа свети Јован Лествичник рекол: „Оној, кој му угодува на стомакот и воедно сака да го победи блудниот демон, сличен е на оној кој гаси пожар со масло“.

Недела пред Крстовден

pravoslavnii-krestНЕДЕЛА ПРЕД КРСТОВДЕН

„Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“

 (Јован 3: 16) 

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! 

Христовите поучителни зборови не биле интересни само за простите и неуки рибари, за обичниот јудејски народ или, пак, за оние кои тргнале по Христа со чиста и нелицемерна љубов да бидат Негови следбеници. Неговата наука била интересна и за неговите противници – фарисеите, садукеите, книжниците и јазичниците, кои се труделе од секој Христов збор да направат случај, кој би бил основа за Негово осудување. Но, меѓу фарисеите имало и еден човек по име Никодим, кнез Јудејски кој бил жеден навистина да го слушне Христовиот збор и од него да ја нахрани својата душа, па затоа, една ноќ, тајно дошол при Христа и започнале разговор за вечните вистини. Во тој разговор, Спасителот ги кажал и прекрасните зборови: „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јован 3: 16).

Во Христос, Единородниот Син Божји, треба да се верува, не само затоа што Он е учител на вистината, Кој слегол од небото, туку затоа што Самиот Он е Вистина и Искупител. Верувајќи во Него човекот учествува во искупителното дело, кое Он го извршил. За да може човекот да се спаси, постојано треба да гледа во крстот, на кој бил издигнат Христос и да верува дека Он е навистина Единородниот Божји Син. Заради тоа, Спасителот го потсетува Никодим на еден старозаветен настан, кога Мојсеј ја подигнал змијата во пустината (спореди: 4. Мој. глава 5), за да може да се спаси секој еден, кој ќе гледа во неа. Издигнувањето на змијата во пустината имало типолошко значење, зашто тоа било праслика и најава на Христовата смрт на крстот.

Со Христовата крсна смрт избришана е човечката вина и на човештвото повторно му е даден вистински и вечен живот. На луѓето единствено им останува да ја прифатат Неговата крсна, искупителна смрт. Тоа може да се Continue reading

Моралното учење на преподобниот Исак Сирин

isaak_sirinМОРАЛНОТО УЧЕЊЕ НА ПРЕПОДОБНИОТ ИСАК СИРИН

Според преподобниот Исак Сирин, човекот се состои од душа и тело. Човекот, како што говори тој, создаден е на таков начин, така што духовното треба да има првенство над телесното, но не е така. Навистина, во почетокот духот имал првенство и бил господар над телото, но со паѓањето на човекот во грев, телото (плотта) го презело првенството над духот. Со гревот сите духовни сили се разградиле, па човекот паднал во гревовна и ненормална состојба. Според свети Исак, за да се врати човекот во првобитната состојба, потребно е покајание и вера во светото Евангелие, потребен е личен напор и подвиг во борбата со гревот. Ние мораме да се зацврстуваме во добродетелите во содејство со Божјата благодат. Во постојаната борба со непријателот на нашето спасение – ѓаволот и гревовите, ние постојано јакнеме сè повеќе и на таков начин постигнуваме повисок степен на скапоцениот живот и се искачуваме „од сила во сила“. Така, ние постојано тежнееме кон единство со Бога и ја победуваме својата грешна природа, достигнуваме блаженство и достигнуваме животна цел и назначување.

Според Исак Сирин, постојат три степени во моралниот живот, кои постепено го воведуваат човекот од несовршенство во совршенство.

Првиот степен е оној, во кој преовладува телото и гревовната содржина. Светите отци него го нарекуваат „плотски“ или „противприроден“ степен;

Вториот степен е борбата со гревот и зацврстувањето во добродетелите, каде што се изедначува телесната и Continue reading

Црковното предание

1471332_449470611824612_1030785624_nЦРКОВНОТО ПРЕДАНИЕ

Вистинските христијани на сите времиња, највнимателно се чувале од отровот на смртоносната ерес и другите лажни учења. Тие неотстапно го почитувале догматското и моралното предание на Црквата. Не само што православно верувале во Светата Троица, туку и својот живот, своите подвизи и своето однесување го насочувале кон преданието на Црквата. Карактеристична црта за сите Свети Отци била непоколебливото раководење според преданието на Црквата. Тие заповедале дека за вистински духовен наставник треба да се смета само оној, кој во сè го следи учењето на отците на Источната Црква и со нивните дела го посведочува и потврдува своето учење. Кој пак, мисли да раководи со ближните на принципите на земната мудрост и паднатиот разум, колку и да изгледа сјајно, се наоѓа во состојба на самоизмама и своите следбеници ги доведува во самоизмама. За оној, кој сака да се спаси, светите отци како непроменливо правило го востановиле духовното предание на Црквата. Затоа, на оној кој сака да живее побожно и благоугодно, тие му заповедаат да се раководи од поуките на вистинските учители или отечките дела, кои одговараат на начинот на живот на секој поединец. По осум векови од Раѓањето Христово, црковните свети писатели почнуваат да се жалат на недостаток од духовни наставници и појава на многу лажни учители. Заради недостаток од наставници, тие заповедаат читање на отечки дела и оддалечување од читање на Continue reading