Свети Василиј Велики: Постот

100498СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ПОСТОТ

Постот е древен дар, кој не старее, но постојано се обновува и цвета во целосна убавина. Мислиш ли дека за неговата древност се смета времето на потеклото на Законот? Постот е постар од Законот. Не мисли, дека денот на Очистувањето, востановен во Израилот во седмиот месец, во десеттиот ден од месецот, е почеток на постот (3. Мојс. 16, 29). Задлабочи се во историјата и барај ја древноста на неговото потекло. Постот не е ново откритие, а е скапоценост од отците. Сè, што се одликува со древност – е чесност. Почитувај ја старината на постот. Тој е современик на човештвото. Постот е озаконет во Рајот. Таква прва заповед добил Адам: „А од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади“ (1. Мој. 2, 17). Тоа: „да не јадеш“ е востановување на постот и воздржувањето. Ако Ева постеше и не беше вкусила од дрвото – сега ние не би имале потреба од тој пост: „зашто здравите немаат нужда од лекар, а болните“ (Мат. 9, 12). Ние сме повредени од гревот – да се исцелиме преку покајание: а покајанието без пост е нецелосно. Заповедано е да се покајуваме со дух, а не да се предаваме на суета – преку постот ќе се оправдаш пред Бога.

Оти не сме постеле, затоа сме истерани од Рајот – затоа, да постиме, за да се вратиме во Рајот. Не го поддражавај престапот на Ева, не го примај повторно советот на змијата, која ти предлага лакомост, за да угодиш на телото. Не се оправдувај со недостатоци и слабост на телото – не ги претставуваш тие оправдувања на мене, а на Бога! Одговори ми: да постиш не можеш – а да се прејадуваш и да го товариш твоето тело со бремето на секакви храни можеш?! Во Рајот немало ниту вино, ниту колење на животни, ниту јадење на Continue reading

Свети Јован Златоуст: Изгубеното време е грев

100436СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ИЗГУБЕНОТО ВРЕМЕ Е ГРЕВ

Многумина велат: „Каква е ползата од тоа да посетуваш забави, или каква е загубата?“ Јас, пак, воздивнувам, дека вие не ја сознавате таа корист и не го чувствувате тоа зло! Бог ти дал определено време живот, за да Му служиш, а ти попусто и без секаква полза го губиш и уште прашуваш: „Каква загуба?“ Кога ќе изгубиш напразно макар и малку пари, велиш, дека тоа е загуба, а губејќи цели дни од својот живот по сатански забави, не мислиш ли, дека вршиш нешто многу за осуда? Ти си должен, целиот свој живот да го поминеш во молитви и добродетели, а ти ги расфрлуваш своите дни во кавги, врева, сквернословие, по неумесни веселби и маѓеснички работи – го губиш својот живот за своја погибел и по сето ова, пак прашуваш: „Каква загуба?“ Или, пак, не знаеш, дека повеќе од сè треба да се цени времето? Ако загубиш злато, повторно можеш да го придобиеш: меѓутоа, ако изгубиш време, тешко можеш да го вратиш, зашто малку ни е дадено од него во сегашниот живот. И така, ако не го употребиш како треба, кажи ми: што ќе одговараме горе?

Кажи ми: ако заповедаше на некој од твоите синови да изучи каква било уметност, а тој секогаш седеше в куќи, или, пак, го губеше времето негде – немаше ли, да се откаже од него неговиот учител? Немаше ли, да ти каже учителот: „Ти ги договори со мене условите и определи рок, но, ако твојот син е многу ретко кај мене, а повеќе на друго место, како ќе ти го претставам подготвен и обучен?“ Истото сме должни да го кажеме и ние взаемно за себеси! Бог ти вели: „Ви го дадов времето, за да го изучите благочестието – зошто напразно сте го изгубиле тоа време? Зошто не сте оделе постојано кај Continue reading

Романска Православна Црква

patriarhia_romanaРОМАНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

КРАТКА ИСТОРИЈА

Ширењето на христијанството на територијата на Романија започнало уште во времето на Римската империја. По падот на империјата во 271 година тој процес уште повеќе се засилил. На територијата на Романија се водела константна борба меѓу двете цркви – Православната и Римокатоличката, но сепак, крајната победа ја извојувала Православната Црква. По формирањето на независните држави Влашка и Молдавија во нив биле формирани и автономни цркви на чело со митрополити. Дури по паѓањето на кнежевствата под османлиска власт, ерархијата на Романската Црква повторно била зависна од Цариградската Црква. Но, и во тоа време Православието тесно било поврзано со националната самосвест на романците. Во 1568 година на помесен собор било прифатено решение литургиите и богослужбите, воопшто, да се изведуваат на мајчин романски јазик.

Римокатоличката црква и понатаму не се откажувала од идејата на потчинување на Романците на Рим. По паѓањето на Трансилванија во власт на римокатоличките управители – Хабсбурговци, активно започнала да се спроведува латинската пропаганда и римокатолицизмот почнал насилно да се шири среде православното население. Во 1699 година била склучена унија со Рим и на местото на православната митрополија изникнала Романската грко-католичка црква.

Во XVIII век се случила и измена во литургијата. Под влијание на грчкото духовништво старословенскиот јазик во градовите бил сменет со грчкиот, а во селата останал романскиот јазик. Нова етапа во развојот на Црквата се случил во 1862 година, кога Романија постанала единствена независна држава. По три години, во 1865 година Црквата се прогласила за автокефална. Во 1885 година Цариград ја признал автокефалноста на Романската Црква, која за тоа време се обединила во Continue reading

Света Фридесвида Оксфордска

fridesvidaЖИТИЈА НА СВЕТИИ, КОИ СЕ ПРОСЛАВИЈА ВО ЗЕМЈАТА БРИТАНСКА 

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНАТА МАЈКА ФРИДЕСВИДА, ИГУМЕНИЈАТА НА ОКСФОРДСКИОТ МАНАСТИР, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 19 ОКТОМВРИ

(650-735; Frideswitha of Oxford)

Света Фридесвида[1] е ќерка на принцот Дидан од горниот тек на Темза. Како монахиња, таа во Оксфорд го основала женскиот манастир за девственички, посветен на Мајката Божја, кој се наоѓал на истото место, каде што денес се наоѓа колеџот Крајстчрч (Christ church). Подоцна, во околината на овој манастир, основан бил и градот Оксфорд.

Според преданието, иако игуменија, таа била побарана за жена од кралот Елфгар Мерсиски, кој исполнет со телесна страст, немајќи никаква почит кон монашкиот чин на преподобната, се осмелил да направи ваков безумен потег. Иако му објаснила дека таа е верена за Небесниот Жених – Христос, сепак, кралот постојано ѝ досадувал. Поради тоа, таа го напуштила манастирот и се населила во оддалченото и пусто место Бинси, каде што живеела во пештера, поминувајќи ги дните во молитва и пост. Елфгар неколку пати се обидувал да ја бара за жена, но сепак, Божјата волја се покажал многу посилна од неговата намера, па на крајот тој ослепел.

Во Бинсиската пустина, преподобната ги удвоила постот и молитвата. Во своите молитви, таа со особена почит се обраќала кон светите великомаченички Екатерина и Марина, кои, пак, една ноќ ѝ се јавиле во видение и ѝ рекле да удри по земјата со својата игуменска патерица. На тоа место се појавил чудотворен извор. Подоцна, водата од овој извор била лек за Continue reading

Свети великомаченик Мина

svminaСВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК МИНА

Eгипќанин пo пoтeклo и вoјник пo прoфeсија, свети Мина, какo вистински христијанин, нe мoжeл да гo глeда oдвратнoтo жртвoпринeсувањe на идoлитe, па ја напуштил вoјската, градoт, луѓeтo и заминал вo пустата планина. Заштo, пoлeснo му билo на свети Мина да живee сo дивитe ѕвeрoви oткoлку сo нeзнабoжнитe луѓe. Eдeн дeн маченикот од далеку гo прeдвидeл нeзнабoжeчкoтo празнувањe вo градoт Катуанија, па слeгoл вo градoт и прeд ситe ја oбјавил свoјата вeра вo Христа Бoга живиoт и гo изoбличил идoлoпoклoнствoтo и нeзнабoштвoтo какo лага и тeмнина. Кнeзoт на тoј град, нeкoј Пирoс, гo прашал Мина кoј e и штo e. Маченикот му oдгoвoрил: „Таткoвина ми e Eгипeт, имeтo ми e Мина, бeв oфицeр, нo, глeдајќи гo идoлoпoклoнствoтo, сe oдрeкoв oд вашитe пoчeсти. Сeга дoјдoв прeд ситe да гo oбјавам Христoс, мoјoт вистински Бoг, та и Oн да мe oбјави какo Свoј слуга вo царствoтo нeбeснo”. Кoга гo слушнал тoа Пирoс, гo ставил свeти Мина на гoлeми маки. Гo камшикувалe, гo стружeлe сo жeлeзни чeтки, гo гoрeлe сo свeќи, гo мачeлe сo разни маки, па најпoслe сo мeч гo убилe. Тeлoтo му гo фрлилe вo oган да нe гo зeмат христијанитe, нo тиe, сeпак, спасилe нeкoи дeлoви oд oгнoт. Тиe пoсмртни oстанки чeснo ги пoгрeбалe, а пoдoцна билe прeнeсeни вo Алeксандрија и таму пoгрeбани, а над нив била изградeна црква.

Свети Мина пoстрадал oкoлу 304 гoдина и сe прeсeлил вo царствoтo Христoвo. Нo, бил и oстанал гoлeм чудoтвoрeц вo двата живoти, и на зeмјата и на нeбoтo. И кoј да гo славeл свети Мина и вo нeвoлја сo вeра гo пoвикувал на пoмoш, нeму тoј и му пoмагал. Пoвeќeпати сe јавувал какo бoрeц на кoњ за да им пoмoгнe на Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Исповедта

%d0%bf%d0%be5СВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ИСПОВЕДТА

Внимавај и не се предавај на незаслужено неверие во силата на покајанието! Угодно ли ти е да знаеш, колку е силно покајанието? Сакаш ли да го дознаеш силното оружје на спасението и да научиш колку е силна исповедта? Језекија победи сто осумдесет и пет илјади непријатели со тоа, оти се исповеда. Навистина и тоа дело е големо, но тоа е малку во однос на она, што ќе ти кажам. Истиот Језекија придоби со покајание да ја поништи произнесената врз него осуда од Бога. Кога се разболел тешко, пророкот Исаија му рекол: „Среди ги работите за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш“ (4. Царства 20, 1). Што би можело да се очекува по ова? Каква надеж останувала за спасение по реченото од пророкот: „зашто ќе умреш!“ Меѓутоа, Језекиј не го оставил покајанието и, помнејќи го напишаното; „Ако си останевте на местото и мирувавте, ќе се спасевте“, „Се сврти Језекиј со лицето кон ѕидот и Му се помоли на Господа, велејќи: О, Господи, спомни си, дека јас одев пред лицето Твое верно и со предано на Тебе срце, и го вршев она, што беше угодно пред очите Твои. И заплака Језекиј силно“ (4. Царства 20, 2 – 3). Језекиј продолжил: „Ако Ти си спомнеш за мене, тоа е доволно за моето исцелување, оти Ти не припаѓаш на времето и Сам Си законоположник на животот. Нашиот живот не зависи од датумот на раѓањето и од поврзувањето на ѕвездите, како што дрдорат некои, а од Твојата волја, која определува на секого колку да живее.

Оној, на кого, според пророчкото соопштение, му беше одземена секаква надеж за живот – доби дополнување од 15 години живот, потврдено со доказ од сонцето, што изврши обратно движење. Ако Језекиј со покајание можел да го поништи Божјото решение – зар Исус Христос ќе откаже прошка за гревовите на оние, кои се покајале? Размисли се, воздивни и помоли се, да ти ги прости Бог гревовите и да те извади од пламенот што гори, зашто исповедта може и оган да угаси, може и лавови да скроти. Ако не веруваш, спомни си, што го постигнало Ананија и неговите другари. Со што го изгаснале тие оганот? Колку вода била неопходна, за да се изгаси пламенот висок 45 лакти? Каде беснеел таков пламен, таму се излевала река од вера – таму, во противдејствие на несреќата, велеле: „Ти си праведен во сè што направи со нас,… оти ние згрешивме и постапивме против законот“ (Дан. 3, 27 и 29). И покајанието го изгаснало пламенот. Ако не веруваш, дека покајанието може да го изгасне геенскиот оган, тогаш убеди се во тоа од слученото со Continue reading

Свети Кутберт, апостолот на Нортумбрија

sveti-kutbertЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ КУТБЕРТ, АПОСТОЛОТ НА НОРТУМБРИЈА И ЕПИСКОПОТ НА ЛИНДИСФАРН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 20 МАРТ

(634-687; Cuthbert of Lindisfarne)

Свети Кутберт[1] е еден од најпочитуваните светители во денешна Англија. Тој е роден во 634 година во Северна Англија, недалеку од денешната територијална граница со Шкотска. Произлегува од благородно англиско семејство, а кога имал осум години тој бил примен како штитеник од вдовицата и монахиња Кенсвита.

Кога имал седумнаесет години, по едно божествено видение, во 651 година, заминал во манастирот Мелроуз (Melrose), во Нортумбрија, денешна јужна Шкотска, и тука станал собрат и соподвижник со игуменот на манастирот – свети Ета. Заедно со него и со други монаси од манастирот, заминал во Рајпон (Ripon), во Јоркшир (Yorkshire), за да основаат нов манастир. По смртта на економот на манастирот, во 661 година, Кутберт ја продолжил неговата активност, а тоа биле тешки времиња, зашто надалеку владеела смртоносна чума.

На Соборот во Витби, каде што се разгледувало прашањето за празнување на Пасхата според римската пракса, Кутберт и Ета, иако и двајцата со келтско потекло, ја поддржале оваа опција. По победата на Соборот, двајцата заминале на островот Линдисфарн (Lindisfarne), на североисточниот брег на Англија, и тоа првиот како економ, а вториот како игумен. Иако економ, Кутберт имал доволно време за подвижништво, а христијанството го проповедал на југ, во градот Дарем.

Сакајќи да живее целосно самотен живот, во 676 година се оддалечил во Инерфарн (Inner Farne – Внатрешен Остров), каде што соѕидал келија за себе и целосно се посветил на Continue reading

Свети Григориј Ниски: Казните

100106СВЕТИ ГРИГОРИЈ НИСКИ: КАЗНИТЕ

Ги набљудуваш промените на ветровите, а не го свртуваш погледот кон воскресението; ги знаеш годишните времиња, а ја оставаш без внимание промената на животот; сакаш од својот слуга отчет за неговите дела, а ја пренебрегнуваш власта на Бога; правдата не ја запазуваш, на добродетел не се учиш, кон молитвата си немарен! Тоа не е својствено на разумно суштество, туку на твар, што ја изопачила разумноста во безумие. Не ги сакаш многу учителите – со непријатност ги поднесуваш нивните поуки и тешки ти се нивните совети. Ако те укорат – се лутиш; ако чуеш строг збор – негодуваш; ако преку одлачување ти се затворат вратите на црквата – богохулиш! Не го сметај одлачувањето како самоволие на Епископот – тоа е татковински закон и древно црковно правило, зачнато во време на законот и утврдено во времето на благодатта. „Господ го казнува оној, кого што го сака; го бичува секој син, кого што го прима“ (Евр. 12, 6)! Корените на учењето не се слатки, но горчливи – на крај, тие раѓаат плод со сладок сок. Затоа, кој се занимава со учење, треба да се труди, а кој учи – нужно е да употребува строгост и казна. Ние те биеме како роб, а те учиме како слободен, зашто твојот род е од слободната Сара, а не од слугинката Агара. Не ме осудувај по улиците; не го нарекувај методот на моето учителство груб; не ги прави учесниците во твојот престап, соучесници во твоето подвикнување против мене; не седи во советот на суетата, за да го судиш својот Епископ! Мојата душа од тоа нема да се замати, откако ќе понесам нешто ново, ако најупорните од моите ученици негодуваат против мене. Својствено е за човекот, постојано од почетокот до крајот на неговиот живот, да негодува против власта – началникот, воопшто, тежок е за сите потчинети, а за престапниците и беззакониците дури е Continue reading

Протоереј Павле Наумоски

10342417_363523687175037_4225221049015990105_n

ПРОТОЕРЕЈ ПАВЛЕ НАУМОСКИ

Протоерејот Павле Наумоски е роден во 1885 година во село Локвица – Македонски Брод, во православно благочестиво семејство. По завршувањето на малата матура се запишал во богословско-учителското училиште во Призрен, кое со успех го завршил во 1905 година. Веднаш по завршувањето се вратил во својот роден крај и бил назначен за учител во село Црешнево – Бродска општина. Во 1910 година е ракоположен во свештенички чин од тогашниот Велешко-дебарски епископ Варнава и бил поставен за парохиски свештеник во своето родно место. Во 1913 година бил преместен и бил поставен за старешина на манастирот „Света Пречиста“ во Кичево. На таа должност го затекнала и Првата светска војна, па поради тоа бил принуден да го напушти манастирот и да пребега во Солун, Егејска Македонија. Во 1918 година се вратил на старата должност во кичевскиот манастир, каде што останал сè до 1919 година, кога бил преместен и поставен за архиерејски намесник во Крушево. На оваа должност останал до 1921 година, кога по потреба на служба бил преместен и поставен за архиерејски намесник во Прилеп. Како архиерејски намесник на прилепското архиерејско намесништво, педантно и со огромна љубов кон свештеничкиот повик ја извршувал својата должност, а неговата административна работа и денес може на многумина да им користи за пример на елеганција и трудољубивост во работењето. Сите акти, кои се сочувани до денес, се пишувани и заведувани крајно професионално, со прекрасен ракопис, според кои можеме да заклучиме за каква вонредна личност станува збор. Со почетокот на Втората светска војна, заради притисокот на бугарскиот окупатор, бил принуден да ја напушти својата должност и да емигрира во Белград. По ослободувањето на Македонија во 1945 година, протоерејот Павле Наумоски се вратил во Прилеп и бил поставен за парохиски свештеник на I парохија при храмот „Свето Благовештение“, на која должност останал сè до Continue reading

Свети Ефрем Сирин: Пази ги очите и јазикот свој

OLYMPUS DIGITAL CAMERAСВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: ПАЗИ ГИ ОЧИТЕ И ЈАЗИКОТ СВОЈ

Напишано е: „Ако градиш нова куќа, направи околу неа ограда“ (5. Мојс. 22, 8). Така и лицето на човекот има потреба од оградата на скромноста, за да не се потслизне внатрешно и да падне духовно. Ако мудриот Давид така усрдно ги пазел очите свои и пак попаднал во грев – тогаш, може ли да остане невин оној, кој со своите очи блудствува насекаде? Нека ни служи за пример Јов, чиишто очи биле така целомудрени, како и неговото срце. Заповедано е: „Ако видиш теле од братот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај братот твој“ (5. Мојс. 22, 1). Ако пак, загине нивниот господар – долг е на добродетелните да пројават голема грижа за него. Ако Севишниот се погрижил во законот за животот на бесловесното теле, тогаш, колку повеќе се грижи Он за нашиот разум, за нашата волја, воопшто за душата, која е поскапа од сè; и особено, кога таа духовно блудствува и го губи своето достоинство? Ако видеш магаре, паднато на патот, макар и да припаѓа на твојот непријател, подигни го! Ако пак, не животното што носи товар, а самиот човек е паднат во невидлива јама – можат ли пред таа слика да останат рамнодушни праведните? Кога свештеникот и левитот беа поминале покрај паднатиот човек, Господ ни го посочил за образец самарјанинот, кој ги преврзал раните на нападнатиот од разбојници, го качил на својот добиток и го однел во гостилницата, па подобно на ова, благословен биди Ти, Господи, Кој милостиво Си слегол при ранетото човештво!

На друго место е речено „Ако волот бил и порано бодлив, а господарот негов знаел за тоа и не го пазел, па убие маж или жена, волот да се убие со камења, и господарот негов заедно со него да се предаде на смрт“ (2. Мојс. 21, 29). Праведникот ќе го остави ли без внимание крадецот, кој прободува мнозина по цел ден? Волот има Continue reading