Молитва пред почетокот на училишната година

102084.bМОЛИТВА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА УЧИЛИШНАТА ГОДИНА

Господи, Боже, Создателу наш, со својот лик си ни направил чест нам, луѓето, си ги научил Твоите избраници да ги почитуваат оние, што го имаат примено Твоето учење, откривајќи им ја премудроста на децата; Ти си го научил и Соломона и сите оние, што ја бараа Твојата премудрост; отвори ги срцата, умовите и устите на Твоите слуги, за да ја примат силата на Твојот закон, и успешно да ги разберат полезните учења што им се предаваат, во слава на Твоето пресвето име, во полза и заради напредокот на Твојата Црква, и за разбирање на твојата добра и совршена волја. Избави ги од сите непријателски напади, зачувај ги во православноста и во верата, и во секоја благочестивост и чистота во сите дни од нивниот живот, да напредуваат во знаењето и исполнувањето на Твоите заповеди; та така подготвени да Го прослават Твоето пресвето име. Зашто Ти си Бог, силен во милоста и добар во силата, и Тебе Ти прилега секоја слава, чест и поклонување, на Отца, и Сина, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во век и веков. Амин.

Молитви по светата Причест

1880МОЛИТВИ ПО СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

Слава Ти, Боже! Слава Ти, Боже! Слава Ти, Боже!

 МОЛИТВА ПРВА

Ти благодарам, Господи Боже мој, што не си ме отфрлил мене грешниот, но ме удостои да бидам учесник во Твоите свети тајни. Ти благодарам што ме удостои мене недостојниот, да се причестам со Твоите пречисти и небесни дарови. Но, Владико, Човекољубив, Кој заради нас си умрел и воскреснал и си ни ги подарил овие страшни и животтворни Тајни, за добро и осветување на нашите души и тела, дај и овие да ми бидат за исцеление на душата и телото, за одгонување на секој противник, за просветување на очите на оето срце, за мир на моите душевни сили, за непосрамена вера, за љубов нелицемерна, за исполнување со премудрост, за зачувување на Твоите Заповеди, за умножување на Твојата Божествена благодат и придобивање на Твоето Царство; та, со нив сочуван во Твојата светиња, да ја спомнувам секогаш, Твојата благодат, и да не живеам веќе за себе, но за Тебе, нашиот Владика и Добротвор. И така, излегувајќи од овој живот со надеж на вечен живот, да достигнам вечен мир, каде што радоста на оние што празнуваат е непрестајна и бескрајна е насладата на оние што ја гледаат неискажаната убавина на Твоето лице. Зашто Ти си вистинска желба и неискажана желба на оние, кои Те сакаат, Христе Боже наш, и Тебе Ти пее сета твар во векови. Амин! Continue reading

Молитви пред светата Причест

1878МОЛИТВИ ПРЕД СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

Наутро, по читањето на утринските молитви, пред светата Причест се читаат и овие молитви:

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!

По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нè. Амин!

Слава Ти, Боже наш, слава Ти!

Цару Небесен, Утешителу, Духу на Вистината, Кој Си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на блага и на живот подателу, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија, и спаси ги, Благи, душите наши.

Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, помилуј нè! (Три пати).

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, И сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Пресвета Троице, помилуј нè! Господи, очисти ги гревовите наши! Владико, прости ни ги беззаконијата наши! Свети, посети нè и исцели ги нашите немоќи заради Твоето име!

Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј! Continue reading

Молитва во почетокот на Велигденскиот пост

17044.dМОЛИТВА ВО ПОЧЕТОКОТ НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ

 Господи Исусе Христе Боже наш, надеж на сите краишта на земјата и на оние кои се далеку по морињата: ти си ги определил овие свети посни денови преку законот и пророците, предложувајќи ни начин на покајание и умртвување на страстите. Самиот Ти, Боже наш, откако се исполни времето, јавувајќи се во тело на земјата, си озаконил и си осветил четириесет дни и ноќи да се пости, а бидејќи си дарежлив и милостив, благоволи да ги поминеме овие свети денови во совршено покајание, во нелицемерно смирение, во усрдни молитви, без алчност за храна и неумерено пиење, во често приклонување на колената, со срце смирено и скрушено, без порок и со чиста совест, запазувајќи ја цврсто верата и победители над гревот да постанеме. Придружи му ангел верен на нашиот живот, за да ги зачува нашите животни патеки неповредени и без пречки од сите непријателски напади и стапици, упатувајќи нè кон извршување на сите добродетели. Во деновите од постот кои ни претстојат закрепувај нè со Твојата сила во сите наши подвизи, во воздржувањето од страстите, во очистувањето на душата и телото, та да се удостоиме неосудено да се причестиме со Твоето пречисто тело и со Твојата пречесна крв.

Зашто Ти си Бог на милоста, добрините и човекољубието, Кој сакаш сите да се спасат, и Тебе слава Ти вознесуваме со беспочетниот Твој Отец, и Пресветиот и Добар и Животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!