Црква „Свети Атанасиј“ – Галичани

ЦРКВАТА „СВЕТИ АТАНАСИЈ“ ВО ГАЛИЧАНИ, ПОДЗАБОРАВЕН СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА ОД XVII ВЕК

Постапувајќи по Одлуката на надлежниот епархиски архиереј за контрола на црковниот инвентар по Прилепското архиерејско намеништво, при посетата на село Галичани и локалната црква во чест на Свети Атанасиј, констатирав дека оваа црква е подзаборавен споменик на културата од XVII век. Пребарувајќи по стручна литература за повеќе податоци за оваа црква, наидов на еден дамнешен текст од Бошко Бабиќ објавен во списанието „Стремеж“, па тоа ми даде повод да ја освежиме меморијата за оваа црква, како и да поттикнеме поголем интерес кај стручните лица, со цел да поведат поголема грижа за овој Божји храм.

Најпрво, како вовед на овој мој текст, сакам да дадам неколку информации за селото Галичани:

Галичани се наоѓа во јужниот дел на Прилепско поле. Селото е рамничарско, на надморска височина од 617 метри. Од градот е оддалечено 11 км. Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. Селото има полјоделска функција.

За него постои спомен уште од средниот век. Се споменува во 1335 година. При крајот на турското владеење во селото постоеле повеќе чифлици: Османов, Чаталоски, Амет-Ножарски, Ќамиловски, Фаиковски, Раифов, Амди-бегов, Шевет-бегов, Рамзи-бегов, Џемаилов. По 1912 година, жителите ја откупиле земјата од муслиманските сопственици.

Во XIX век Галичани било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е

Continue reading

Дали Охридската архиепископија навистина била автокефална?

Meister_von_San_Vitale_in_RavennaДАЛИ ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА НАВИСТИНА БИЛА АВТОКЕФАЛНА?

Охридската архиепископија ја темели својата автокефалност врз три хрисовули (повелби) издадени од византискиот император Василиј II. Нивната автентичност досега никој не ја оспорил. Овие повелби на Василиј II, дадени на охридскиот архиепископ Јован по падот на Самуиловото царство, доаѓаат една по друга во многу мал временски период. На едната од нив, втората, забележан е и датумот: месец мај 1020 година.

По пропаста на македонско-словенското царство на Самоил целата негова држава потпаднала под власт на Византија. Во граѓанската управа таа била сведена на византиска провинција на чие чело стое управител со титула „дукс“. За главен град на таа провинција бил определен градот Скопје. Василиј II издал повеќе социјални-граѓански наредби со кои ги определил правата и привилегиите на граѓанските власти и управници. Уредувајќи ја граѓанската управа на новата провинција, Василиј II ја санкционирал и автокефалноста на Охридската архиепископија: Макар и да станевме владетели на оваа страна, но правата ги запазивме неприкосновени и ги потврдивме со наши хрисовули и сингилии и го поставуваме сегашниот архиепископ на Бугарија (Охридскиот архиепископ) да има таква диецеза.

Основната цел на овие три хрисовули била да се запази независноста на Охридската архиепископија. Специјално, втората хрисовула тежнее појасно да ја потцрта автокефалноста на Архиепископијата, а ја разграничува и територијата на Охридскиот архиепископ од онаа на Цариградската патријаршија.

Овој акт на Василиј II всушност е и официјална декларација на Византија за автокефалноста на Охридската архиепископија и признание дека еден поголем дел на Балканскиот полуостров е една етнолошка словенска целина чиј културен и духовен живот нема да Continue reading

Куса историја на Охридската Архиепископија

heraklea_201382383254КУСА ИСТОРИЈА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

(893 – 1767)

Христијанството во Македонија прв го проповедал свети апостол Павле, за време на своите мисионерски патувања. Негови сопатници биле светите апостоли Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои, исто така, вршеле христијанизација на овие простори. Низ Македонија проповедал и свети апостол Андреј Првоповикан, кој и го поставил свети апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Свети апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија. Овие факти сведочат дека уште тогаш била поставени темелите на една организирана Црква. Важно е да се потенцира дека Аристарх и Секунд биле од градот Солун, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија), кој бил лоциран некаде околу Струмица и Валандово. Во тоа време Македонија била под римска власт, така што честопати ги менувала своите граници и својот етнички состав. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествувале на Помесните и Вселенските Собори.

Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во тој период во Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики.

За време на владеењето на царот Јустинијан (527-565), кој потекнувал од селото Таврисион, во близината на Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален архиепископ. Кателијан бил првиот архиепископ на Continue reading