Проповед на Преображење

ПРОПОВЕДНИЧКИ ДЕО

Проповед на Преображење

Петръ рече ко Јисусови: Господи, добро есть намъ здѣ бити” (Мат. XVI, 4).

Поб. браћо,

Кад је преблаги Бог стварао свет, излио је највећу љу бав и милост на љубимца свога човека. Поклонивши му нарочиту пажњу и створивши га по слици и прилици својој, он му показа и нарочиту своју милост тиме, што му даде земљу за станиште украшену сваковрсним лепотама да се њима наслађава душа човечија и пуну разноврсног богаства, које ће служити за потребу човечију и живот људски чинити пријатним. Све је дакле створено за добро човека, јер поглед наш може се наслађавати прекрасним погледима, укус и мирис слатким и миришљавим плодовима и цвећем, слух дивном хармонијом звука, том заносном химном, којом и живе ствари и мртви метал славе свога Творца и Господа. Свуда, где год се окренемо, бр. моја, видимо на земљи милост и издашност Божју, којом нас је обасула и рекао би, да човек нити има шта, нити треба да жели, нити пак може себи чак ни да замисли што савременије, што лепше, него што је живот у прекрасним појавама природе која га окружава и за који му је Бог дао и способност да га разуме и ужива.

Па ипак браћо ми видимо нешто сасвим противно. Ма како човек да живи добро овде на земљи, ма каква лепота да окружава, он је способан да тежи и човек тежи другој лепоти, лепоти и красоти несравњено много вишој, духовној, нематеријалној, тежи лепоти и красоти небесној.

О томе нас браћо уверава и еванђелска повест која нам излаже догађај који је повод празновању данашњег великог и светлог празника Преображења Господа и Спаситеља нашег, и најјачи доказ тежње човечије к небу и лепоти која тамо влада. Чујте само браћо: „После шест дана узе Исус Петра и Јакова и Јована и поведе их на

Continue reading

Свети Григориј Богослов

СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ

Поет меѓу епископите, подвижник со божествена убавина, човек, кој до богопознанието дошол преку љубовта и преку евангелскиот начин на живеење, а се издигнал на висината на духовното набљудување на несогледливите Божји тајни – ете така накусо би можела да се дефинира личноста на свети Григориј Богослов, епископот од градот Назианс, еден од тројцата првоерарси, кои Православната Црква со особено внимание ги почитува.

Елинската философија и книжевност не биле непознати за Григориј. Роден околу 328 година, во времето кога во атинската оаза на елинизмот, таа философија сè уште со љубов се негувала, младиот Григориј од малоазиската паланка Аријанз, син на епископот од Назијанз, студирал во Кесарија Кападокиска, Кесарија Палестинска, Александрија и, конечно, во Атина, каде што на студиите се запознал со свети Василиј Велики. Упатеноста во тајните на елинското философирање, му помогнала на Григориј да ја открие сета недоволност на античката мисла и сета ненадминливост на вистината за Богочовекот Христос. Како и Василиј, така и Григориј, тоа чувство го води во пустината, па заедно со него тој поминува неколку години во еден скромен манастир на брегот на малоазиската река Ирис, пребивајќи во постојана аскеза.

Сепак, потребата на Црквата го враќа Григориј назад во светот. Прво бил свештеник во родниот град Назијанз, а потоа бил ракоположен за епископ во Сасим. Како епископ, бил во постојана борба меѓу два света: меѓу светот на

Continue reading

Преподобен Пахомиј Велики

ib4278ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво, на почетокот на монашката историја стои и преподобниот Пахомиј, исто така почитуван како Велики, не само заради својата посебна духовна величина, туку и заради тоа што тој е и творец и законодавец на првите големи киновии, или монашки општожитија, првите вистински манастири.

Неговиот животен пат се разликува од оној на преподобниот Антониј. Тој е помлад од Антониј, роден е околу 282 година, но сепак, не ја дочекал Антониевата старост, ниту го надживеал тој голем отец на пустината, зашто починал во 346 година. Пахомиј бил роден како незнабожец, Египќанин по потекло, кој како офицер учествувал во војната на Константин против Максенциј, која била пресудна за историјата на христијанската црква. Во тоа време, од прилика, и самиот Пахомиј доживеал вистинско обраќање: се крстил, ја напуштил војската и светот и сè што го врзувало за светот, па побегнал во пустината во Горен Египет, околу реката Нил, во крајот кој се нарекувал Тиваида, според градот Тива. Таму бил ученик на еден угледен пустиножител по име Паламон, под чие раководство достигнал висок степен на монашко совршенство. Паладиј, во својот „Лавсаик“, кажува дека Пахомиј бил „еден од најголемите подвижници, кој бил удостоен за пророчки дар и ангелски виденија“. Значи, Пахомиј тргнал по истиот пат, по кој тргнале и Continue reading

Велики Четврток

VELIKI CETVRTOKВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

„И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови и рече: Земете, јадете, ова е Моето Тело. И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата Крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите”

(Матеј 26: 26-28)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Велики Четврток е ден кога се сеќаваме на Тајната Вечера на Спасителот Господ Исус Христос со Неговите свети ученици. И денес сите ние сме собрани на Христовата Тајна Вечера, за да можеме заедно со апостолите да се причестиме со пречистото Тело и пречесната Крв на Спасителот; собрани сме за да постанеме заедничари со Бога, па Телото на воплотениот Бог да постане и наше тело, а и Неговата Крв да постане и наша крв.

Во една прекрасна црковна песна од канонот за денешниот ден, која се пее на Утринската богослужба, ние слушнавме: „Господ, Кој е Создател и Бог на сите, иако нестрадален, откако осиромаши, создаденото со Себе го соедини, и Самиот Он, како наша Пасха, се принесе на жртва за оние што сакаше со Својата смрт да ги спаси, велејќи: Јадете го телото Мое и со вера утврдете се“ (Ирмос од 3-та песна). Смислата на овие зборови и нивната порака е јасна: Нашиот Господ и Создател се принесе Самиот Себе на жртва за нас како нова Пасха. Нашиот Спасител ни порачува да се утврдиме во верата, односно, во фактот дека нашето спасение се извршува единствено преку Христа и во фактот дека причестувањето со Неговото Тело и Крв значи реално соединување со Него, како телесно, така и духовно.

Прва која се причестила, однсоно, соединила со Бога, била Пресвета Богородица. Кога Господ се воплотил, Он влегол во утробата на Пресвата Дева и таа Го примила во себе Телото на воплотениот Бог. И за тоа се говори во канонот од Великиот Четврток: „Неизмерната Премудрост Божја, која е причина на сè… си создаде храм од чистата неискусомажна Мајка…“. Премудроста, Која го создала светот, Која е причина за сè и Која дава живот на сè, за Себе создала храм во Continue reading

Свети Ѓорѓи Кратовски

кратовскиСВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ

Свети Ѓорѓи Кратовски остави вечна порака за Македонецот како се брани својата татковина, како се победуваат човечките страдања, како се здобива човечката храброст и како се добива последната победа на земниот живот со силната љубов и вера во Божјата вечна правда и својот народ. Светот е преполн со неправди, мачења, убиства, гробови и мирис на распадливоста. И кој може сето тоа да го поднесе? Само оној во чие срце престојува и живее Христос.

Денес да си спомнеме за Свети Ѓорѓи и да поучиме од неговата мудрост, со која ни дава одговор на овие дилеми. Македонскиот новомаченик свети Ѓорѓи Кратовски само 18 години му посвети на земниот живот и остана бесмртен и храбар војник Христов, вечен Син на Светлоста, Кој пред нечестивите Турци го проповедаше Светото Тројство, вистински и смел Син на својата родна татковина Македонија.

Во градот Кратово, на крајот од 15 и почетокот на 16 век, живееле две побожни души, маж и жена: Димитриј и Сара. Тие биле здрави, вредни, штедливи и сиромашни, но задоволни со тоа што го имале, а во домот биле весели а во друштвото почитувани. Имале една лична желба која им недостасувала, а која длабоко ја носеле во своето срце и за тоа на Бога Му се молеле. Тоа било желба и молитва Господ да им дарува пород. И таа желба им ја исполнил Бог. Во 1497 година им се родило машко дете, на кое му го дале името Ѓорѓи. Кога малиот Ѓорѓи навлегол во шестата година, родителите го дале на училиште. Во тоа време училиштата работеле и во црквите и манастирите. Кога Ѓорѓи го добил потребното образование, неговиот татко го дал на златарски занает, како би можел самиот да си заработува за живот. Како што Ѓорѓи имал надворешна убавина, тој исто така поседувал и внатрешна интелектуална способност и многу брзо го Continue reading

Рождество Христово – Божик

Икона_Рождество_Христово,_XVIII_в._ГТГРОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИК 

„Мудреците… штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна“

(Матеј 2: 11) 

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денешниот празник на Христовото раѓање е еден свечен ден, кога секој вистински верник ја доживува својата исконска врска со изворните вистини и убавини на нашата Православна вера. Денес е ден, кога човечката душа доаѓа во допир со Богомладенецот Христос, допир со небесниот Бог Отец, Кој Го испрати Својот Син во овој свет, но допир и со Животворниот Божји Дух, Кој носи радост во човечките срца. Таа радост е посебна Божикна радост, кога возрасните и децата се исто, кога во секоја душа се повторува Тајната на Богораѓањето во верата, во радоста, во единството на сите генерации, кои се повикани во Божјо синовство.

Како што во наследните гени човекот ги прима „биографиите“ на сите свои предци, така и во јадрото на секоја жива душа, засветлуваат сите вистини, од кои и заради кои постои овој чудесен Божји свет. Животот е скриен, но и откриен продолжеток од Вечноста кон вековите. Затоа Божик не е само памтење на Евангелието, туку и прочитување на вечната Вистина за Небото и за нас.

Големата Тајна на денешниот празник, раката на богонадарениот уметник ја овековечила на светата празнична икона, која денес го благоукрасува нашиот храм. На таа икона можме да ја видиме и Ѕвездата, која ги предводи Мудреците и им го покажува вистинскиот пат до Богомладенецот, тука се стадата заедно со своите кротки овчари, потоа вечерниот оган, а тука е и ѕвезденото небо од зимската палестинска ноќ. Но, над сè и пред сè, тука е онаа величенствена порака од Небото над јаслите од Богомладенецот: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“ (Лука 2: 14). Доколку не беа напишани Евангелијата, доволно ќе беше да ја Continue reading

Отсекување на главата на свети Јован Крстител

018ОТСЕКУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

„Верниот Претеча, Крстителот… умира отсечен во главата, та и на оние во адот со храброст да им благовести дека, Бог ќе слезе таму да ја зароби смртта“

(Стихира по Полиелеи, на Утринската богослужба) 

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! 

Човечката крв, која е насилно пролиена, мачењата, убивањата кои нè лишуваат од животот, во нас предизвикуваат болно чувство од највисок степен. Посебно, пак, ако се работи за невина жртва на нечие безумство, слепа омраза, несовесност и расипаност. Тогаш, покрај чувството на искрено сочувство кон страдалецот, во нас се појавува чувство на силен револт, исто како таа неправда над нас да се извршува.

Тоа е суштината и на денешниот ужасен настан. Таква е карактеристиката и на нашето лично чувство, кога Црквата ни ја изнесува крвавата глетка на смртта на еден праведник, на еден од Бога вдахновен гласник на христијанството, Христовиот Претеча – Јован.

Јован, големиот пророк, најголем роден човек од жена, како што го нарекува и Самиот Господ Христос, гледајќи од својата морална висина на развратот, кој завладеал во сите општествени слоеви на Римското царство, се бунел против тоа и рикал како лав низ пустината со зборовите: „Покајте се!“.

Прорекувајќи јасно, дека со појавата на витлеемската Ѕвезда дојде крајот на царството на мракот и гревот, Јован ги вознемирил, против себе ги предизвикал сите оние грешници, кои имаа нечиста совест, кои беа свесни за своите гревови, но сепак, немале доволно сила и волја, да се извлечат од својата кал, да се очистат преку крштението со покајание и да се подготват за нов живот. На тој пат на покајание и духовно поправање, Јован не се двоумел јавно да го повика дури и царскиот намесник, разблудениот Ирод, кој од својот престол направил блудничко дувло со Continue reading

Свети Седмочисленици

sedmochisleniciСВЕТИ СЕДМОЧИСЛЕНИЦИ

„Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна“

(Евр. 13: 7)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! 

На денот кога се слави споменот на било кој светител, обично се раскажува биографијата на славеникот и преку неа се согледуваат неговите заслуги за денешното поколение. Житијата на светите луѓе во себе кријат неискажливо богатство, бидејќи во нив е опишана сета онаа невидлива борба, која ја воделе за совладување на злото и остварување на доброто. Затоа, секое житие има две содржини: земна и небесна, телесна и духовна. Затоа житијата за нас претставуваат лектира во ова модерно време и најдобро средство за воспитување на нашите души. Тие, всушност, се бестселери во своето морално назначување, спротивно на она кое, за жал, денес го нарекуваат најдобра книга на годината. Заради својата вредност, житијата на светиите никогаш не загубиле нешто од својот сјај, туку, напротив, и во нашето модерно време тие стануваат сè повеќе актуелни, па во својата болна интимност, во моментите на очајание, денешниот читател ги чита срамежливо, но исполнет со извесна надеж во очекување на својот праведник.

Денешните славеници, светите Седмочисленици – Кирил и Методиј, Климент и Наум, Горазд, Сава и Ангелариј, просветителите на словенскиот род, најдобар пример се за тоа, како тие станале преродени луѓе, обновени личности, кои се формирале низ многу тежок труд и голема Божја милост. Затоа, нивните житија не се легенди, туку споменици на морален раст. А, светите Седмочисленици се Continue reading

Пофално слово кон блажените апостоли Петар и Павле

ib4346ПОФАЛНО СЛОВО КОН БЛАЖЕНИТЕ АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ

И повторно ни засветлија двајцата неразделни; и повторно ни расцути нераскинливиот пар; кога празнувањето на двајцата апостоли се слеваво еден празник и во едно торжество; и нè озарија со особена радост, подобно на единственото светење на сончевата светлина. Зашто, денес се прославува Петар, најврховниот од апостолите, а заедно со него и Павле, рамен со него по благодат и по апостолското достоинство, иако тој и не бил во свештениот број од дванаесетте светли апостоли, но неговиот избор и призив не го направил било кој од обичните луѓе, туку тоа го направил Самиот Христос, Владиката на сите, вистинскиот Бог и Господ.

На таков начин, грижејќи се за нашето спасение, заради што Он и слегол од небото меѓу нас, Он извршил призив на рибарите и им дал благодат на апостолство, сразмерна на нивниот број, не разделувајќи ги по достоинството и не мешајќи ги во еден ранг, но при единството на апостолското достоинство и благодатта, запазувајќи ја различноста во рангот; зашто Божјата Премудрост, и Сила, и Слово, во Своето знаење ги надминува знаењата на сите, па прекрасно пресудиле да се сочува и единството на апостолското достоинство и да се признае точната разлика во поредокот, за поредокот да не се претвори во безредие и хаос, зашто на Бога не Му е мило безредието, и благодатта на достоинството да не биде исечена на нееднакви степени на благодат. Зашто, даровите се неизменливи, а пределите, кои Он ги поставил, на никаков начин „нема да преминат“ (Псал. 103: 9), како што се говори во псалмот. Оној, Кој сè устројува во потребната мера и поредок, и секому нелицемерно му дава дарови, откако го извршил првиот избор на Continue reading

Третиот ден од Педесетница

85121ТРЕТИОТ ДЕН ОД ПЕДЕСЕТНИЦА

„Вие сте солта на земјата“

(Матеј 5: 13)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Доаѓајќи на земјава, Христос ја проповедал благата вест за Царството небесно, Царството на благодатта и славата. За нас, православните христијани, повеќе од јасно е дека, никој не говорел како Он. Христос е Предвечното Слово, преку Кое Бог во последните дни говорел со нас. Кога бил даден старозаветниот закон, Господ слегол на гората Синај. А сега, кога го дава новозаветниот закон, Он се искачил на Елеонската гора. Првиот пат говорел преку громови и молњи, а сега говори со тивок и кревок глас. Првиот пат народот бил должен да стои подалеку, а сега ги повикува присутните да дојдат поблиску до Него. Господ ги учи Своите ученици, за да можат и тие да ги научат другите. Неговиот поглед е насочен кон мноштвото луѓе, кои доаѓале од сите страни, со надеж дека сите ќе Го слушнат.

Христос ја започнал Нагорната проповед со благословувања, зашто, Он дошол во светот за да нè благослови. Он говори како Оној, Кој има власт, како Оној, Кој може да даде благословување и вечен и блажен живот. Кон кого се однесуваат овие зборови и во што се состои вистинското блаженство? Сите луѓе, без исклучок, сакаат да им биде убаво, а некои дури и прашуваат: „Кој ќе ни покаже што е добро?“ (Псал. 4: 6). Не е чудно ако кажеме дека, токму оние, кои имаат лажна претстава за среќата и блаженството, никогаш не можат ни да ги достигнат. Многумина мислат дека блажени и среќни се богатите и славните од овој свет, кои ненаситно јадат, алчно пијат и управуваат над сè. Но, Господ наш Исус Христос дошол на земјава токму за да ги разобличи ваквите сфаќања и да им Continue reading