Fairuz – Wa Habibi – A Good Friday Hymn

Fairuz – Wa Habibi – A Good Friday Hymn

Фаируз е родена во Бејрут на 21 ноември 1935 година. Таа е најпозната либанска интерпретаторка на класична музика. Својата кариера ја започнала како членка на хорот на либанското државно радио. Нејзините први песни се одликуваат со носталгични текстови, љубов, деликатна мешавина на класичната арапска музика и популарната музика на Запад. Во почетокот на 1960 година, Фаируз веќе била ѕвезда на годишниот Baalbeck Festival и била популарна не само во Либан, туку и во целиот арапски свет.

Во текот на Либаската граѓанска војна (1975-1990), Фаируз останала во Либан, иако имала можност да емигрира во Франција. Нејзиниот неутрален став за војната создал од неа либанска хероина, па затоа била почитувана од сите, без разлика на религиската или етничката припадност.

Leave a comment