Свети Јован Златоуст: Да ги почитуваме родителите

1112-660x300СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ РОДИТЕЛИТЕ

Власта на родителите над децата се крие во принципот на самата природа – таквата чест за нив е награда за маките при раѓањето. Премудриот за ова зборува: „Кој има страв Господен – тој го почитува татка си; на своите родители им служи како на господари“ (Сир. 3, 7), и продолжува: „Помни дека од нив си роден; што можеш да им дадеш за сето она што го направиле за тебе?“ (Сир. 7, 30). Притоа, има ли нешто, што синот не може да му го даде на татка си? Има. Смислата на тие зборови е следнава: ти не можеш да ги родиш оние, кои тебе те родиле. Така во ова, ние отстапуваме од нашите родители, за да се издигнеме со друго над нив: со почитувањето кон нив – не толку по законот на природата, а првенствено пред природата, поради страв од Бога. Господ силно сака родителите да бидат почитувани од нивните деца: и тие, кои го прават ова, Он ги наградува со големи блага; А тие, кои го престапуваат тој закон, ги казнува со тешки несреќи! „Кој го злоставува таткото свој или мајката своја, со смрт да се казни“ (2. Мој. 21, 16). 3а разумните, пак, деца е речено: „Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да ти биде добро и да поживееш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог“ (2. Мој. 20, 12). Среќната старост и долгиот живот се сметаат за најголемо добро на земјата – тоа Бог го определил како награда за оние, кои ги почитуваат своите родители. Раната смрт се смета за Continue reading

Родителите и верската поука

118877.bРОДИТЕЛИТЕ И ВЕРСКАТА ПОУКА

„Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо“ (Марко 10: 14);

„И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку воспитувајте ги во науката и стравот Господов“ (Ефес. 6: 4).

Живееме во време на длабока духовно-морална криза, чии бранови силно го потресуваат нашето современо општество. Добар дел од општеството сè повеќе се оддалечува од доброто и сè подлабоко потонува во злото. Многу се причините за оваа болест. Поединци лесно паѓаат под влијанието на злото, зашто се премногу слаби да се борат против него. Таа нивна немоќ доаѓа оттаму, зашто уште како деца не успеале од родителскиот дом да понесат доволно сила за да се борат против злото и да се спротивстават на неговите искушенија. Тоа е голем недостаток.

Оваа појава денес сè повеќе нè поттикнува почесто да говориме за домашното, верско-морално воспитување, кое во наше време е запоставено, а последиците од тој пропуст доволно се чувствуваат и во нашето општество.

Детето се раѓа и доаѓа во овој свет како малечко и немоќно суштество, кое без туѓа помош и нега, не би можело да живее, ниту да ги развива своите физички и духовни способности. Како такво, тоа е подложено на влијанието на доброто и злото. Од воспитувањето зависи во која насока ќе се развиваат неговите духовни способности. Според мислењето на философот Кант, човекот не е ништо друго, освен она, кое од него ќе го направи воспитувањето, а само преку воспитувањето може да се постане вистински човек.

Преку доброто воспитување може многу да се направи. Сите добри особини децата можат да ги развијат до највисок степен, а лошите особини навреме да се стопираат и уништат. Во процесот на воспитувањето најмногу се важни првите години од детската возраст. „Дајте ми го детето да го воспитувам до петтата година, па потоа нема да се грижам во чии раце потоа ќе биде“, – рекол прочуениот педагог Свифт.

Од сите форми на воспитување, најдобро е христијанското, кое се стекнува во семејството. Тоа воспитување е премногу значајно, но тешка е задачата. Свети Јован Златоуст говори: Continue reading