Свети Вилибалд, епископот на Ејхштат

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ ВИЛИБАЛД, ЕПИСКОПОТ НА ЕЈХШТАТ И АПОСТОЛОТ НА ФРАНКОНИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 7 ЈУЛИ

(701-787; германски: Willibald von Eichstätt)

Свети Вилибалд,[1] неговиот брат Винибалд[2] и неговата сестра Валбурга, биле деца на свети Ричард, кој на многу места е наречен и крал. Тие биле родум од Весекс, Англија. Нивната мајка била блиска роднина на свети Бонифациј, апостолот на Германија.

Кога наполнил пет години, Вилибалд бил испратен на воспитување во манастирот Валтхем, во Хемпшир, а негов учител бил прочуениот педагог Егвалд.

Во 722 година, двајцата браќа и нивниот татко го посетиле Рим, за да се поклонат на христијанските светињи. Ричард умрел во местото Лука и бил погребен во црквата на Свети Фригидијан.

Откако оздравел од тешката маларична болест, во 724 година, заедно со уште двајца сопатници, Вилибалд од Рим заминал за Светата Земја. Зимата ја поминал во Патара, а во Ерусалим пристигнал во 725 година. Оттука заминал за Тир, а потоа за Константинопол. Во 730 година се вратил во Италија и се населил на планината Монте Касино, попатно посетувајќи го градот Неапол и гробот на свети Северин Норкиски.

Во 740 година повторно се вратил во Рим, каде што од папата Григориј III бил испратен во Германија. Таму се сретнал со свети Бонифациј, кој и го ракоположил за свештеник во 741 година и го поставил за проповедник во Ејхштат. Набргу потоа, тој бил ракополжен за епископ на Зулценбрикен, во околината на Гота. Ејхштатската епархија била формирана неколку години потоа.

Заедно со својот брат, тој го основал двојниот манастир во Хајденхајм. Неговиот брат Винибалд раководел со машкиот манастир, а неговата сестра Валбурга била игуменија на женската заедница.

Свети Вилибалд основал манастир и во Золнхофен, во чест на Cвета Зола, а го благословил и градењето на новата црква во Хајденхајм. Свети Вилибалд починал во 787 година. Неговиот гроб денес се наоѓа во

соборната црква, посветена во негова чест, во градот Ејхштат. Скапоцениот саркофаг бил довршен дури во 1269 година. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 7 јули според Јулијанскиот календар.


[1] Вилибалд = „сакам да бидам храбар“.

[2] Неговиот брат, свети Винибалд, (702-761) по заминувањето на Вилибалд во Палестина, живеел во некој римски манастир. Во 730 година кусо престојувал во Англија, но повторно се вратил во Рим. Откако се вратил во Рим, му дал ветување на свети Бонифациј дека ќе замине во Германија. Свети Винибалд во 740 година пристигнал во Турингија и бил ракоположен во свештеник. Како свештеник тој учествувал на Првиот Источно-франечки Собор (Consilium Germanicum), потоа присуствувал на Липтинскиот Собор, како завештание од Пипин, го примил манастирот во Фулде, се присоединил кон Лигата на Атиња (League of Attigny), а ја примил и последната волја на Ремигиј, епископот на Стразбург. Свети Винибалд починал во 761 година. Неговото тело било пронајдено 18 години по неговата смрт, и тоа целосно нераспаднато. Неговото име е спомнато и во Бенедиктовиот Мартириолог.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s