Две Голготи

ДВЕ ГОЛГОТИ

Голгота е премногу важна, особено денес, заради својата привлечност. Сенката на Крстот сѐ повеќе се појавува од неонската расвета на нашите градови. Луѓето никако не можат да се одделат од Крстот на Голгота. Земјата постана нова Голгота, или поточно, место на нови Голготи, а всушност, постојат две Голготи: Голгота без Христа и Голгота со Христа.

ГОЛГОТА БЕЗ ХРИСТА

Тоа е…

Голгота на уживања, која раѓа досада;

Голгота на материјализам, кој води во бесмисла;

Голгота на страсти кои задоволуваат, но не заситуваат;

Голгота на врева и бука, кои оставаат празни срца;

Голгота на атомска бомба, која би ја заменила војната, но се заканува на целиот живот;

Голгота на напредок само за оние, кои имаат корист од

него, но не и за неправедно искористените;

Голгота на триумф, кој уште повеќе ја потенцира осаменоста на секој човек;

Голгота на акција, која не извира од молитвата;

Голгота на молитва, на која ѝ недостасува делување;

Голгота на жестоки пијалоци, кои душата ја оставаат сува…

На сите овие Голготи

Христос ја нуди Својата сопствена

ГОЛГОТА СО ХРИСТА

Голгота на аскетизам, која одвнатре нѐ прави слободни;

Голгота на живот во Духот, кој во нас буди постојана желба да бидеме со Него;

Голгота на чистота, која ни овозможува да живееме во љубов;

Голгота на слабост, врз која можеме да го темелиме заедништвото;

Голгота на ненасилство, која трпеливо ги носи врз себе и непријателите;

Голгота на вид, кој се раѓа во самотија;

Голгота на самотија, која создава заедништво;

Голгота на молитва која постанува божествено немирна, за да се направи нешто за Христа;

Голгота на родителска љубов, на која децата не возвраќаат;

Голгота на пророчки глас кој не се слуша, ниту се забележува во дивината на гревот и алчноста;

Таквата Голгота не е на избор: да ја имаш, или да ја немаш!

Поточно, тоа е избор:

Распнување без Христа

Или

Распнување со Христа

Зашто,

Распнување секако дека ќе има!

Постои Голгота за оние кои го прифаќаат Крстот.

Постои уште поголема и потешка Голгота за оние, кои го отфрлаат.

Биди распнат, но со Христа, зашто тоа е распнување за спасение.

Ако, пак, си упорен да бидеш распнат без Христа,

Тогаш знај дека тоа распнување е за пропаст.

Светот:

Кралеви и цареви,

Претседатели и премиери,

Мажи и жени,

Родители и деца,

Капиталисти и работници,

Комунисти и социјалисти,

Бели и црни,

Исток и Запад

– Сите се соочени со истото прашање

И треба да одговорат:

Сакаш ли да избереш

Да бидеш распнат со Христа

Или без Христа?

Leave a comment