Човека најискрено го љубиме, кога го љубиме заедно со неговите недостатоци…

„Зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, стра­нец бев и Ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене“.

Пријателството не може да се одржи без меѓусебен реципроцитет. Љубовта не го бара тоа, не го претпоставува. Љубовта е повеќе од пријателство, кое произлегува доколку кај него се појават нерационални мотиви и постапки. Ближен ни е секој, кому можеме да му направиме добро, а тоа значи секој човек. Пријатели имаме неколку, но сите ни се блиски.

Кога стоиците бараат дека за пријателот мора да се умре, тие ненамерно воведуваат нешто повеќе од пријателството: ЖРТВА, која не може да постои без надрационален став кон оној, за КОГО или заради ШТО се прави жртвата. Жртвата не се објаснува само рационално, а без неа исчезнуваат многу вредносни односи меѓу луѓето.

Цицерон чувствувал дека не може да има пријателство без љубов. А еден поет вели: „Човека најискрено го љубиме, кога го љубиме заедно со неговите недостатоци, ама и кога го сакаме ТОКМУ поради неговите недостатоци“. (Јован Дучиќ)

Leave a comment